Browsing: ВЕСТИ

Парите се добредојдени за стопанствениците, но дали и доволни за покривање на потребите? – Седмата еврообврзница е безмалку тројно поповолна од онаа во кризната 2009

Власта инсистира на избори во првиот можен термин кога ризикот од ширење на заразата ќе биде сведен на минимум, за опозицијата брзи избори, не се решение, туку проблем оти на така ќе биде загрозено здравјето на граѓаните во услови на ковид епидемија што сè уште не е стивната

Мелиса Ценовска од Тетово е една од стотината луѓе кои ја поминаа голготата наречена ковид-19. Иако спаѓа во категорија на млади лица, со неполни 30 години, таа имала позитивен тест, а болеста за среќа ја поминала без поголеми компликации, со лечење дома. Првата битка и страв кај неа била дали ќе го пренесе вирусот на некој друг. За среќа тоа не се случило во сите изминати денови на опоравување

Украинската полиција ги уапсила додека се обиделе да побегнат во Молдавија, откако вчеравечер во близина на елитен станбен комплекс во Киев со пет куршуми се обиделе да го убијат Радое Звицер, наводен водач на т.н. кавачки криминален клан што важи за една од најмоќните криминални групи во овој дел на Европа. Тој синоќа бил итно опериран во украинскиот главен град и според тамошните медиуми се наоѓа во животна опасност