Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонец, Србин и Црногорец уапсени во Украина по обид за убиство

0
By Нова ТВ on May 27, 2020 ВЕСТИ
Фото: policia kiev/privatna arhiva
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 27, 2020 11:18

Македонец, Србин и Црногорец се уапсени и идентификувани од украинските власти за обидот за убиство на Радое Звицер, наводен водач на т.н. кавачки криминален клан. Еден од нив, како што пишуваат медиумите во Украина, се наоѓа и на меѓународна потерница за убиство.

Украинските медиуми пренесуваат дека две непознати лица синоќа пукале во Звицер во близина на елитен станбен комплекс во Киев.

„Главните причини за обидот за атентат се криминални активности на жртвата, можна прераспределба во самата криминална организација, но и меѓу балканските криминални кланови кои ја контролираат трговијата со дрога“, изјави Игор Клинеко, шеф на националната полиција во Украина.

По обидот за убиство, додаде тој, полицијата тргна во потрага по напаѓачите кои се обиделе да побегнат од земјата, а во еден момент се обиделе да го запалат и автомобилот со кои се превезувале.

„Полицијата го следеше автомобилот со кој осомничените се движеле кон Одеса, со цел да ја напуштат земјата надвор од царинската контрола преку границата меѓу Украина и Молдавија. Бидејќи напаѓачите биле вооружени, во акцијата беа вклучени специјалните сили. Утрово се приведени четири лица кои давале отпор при апсењењето“, рече Клименко.

Првичната истрага на украинските власти утврдила дека осомничени пристигнале во земјата на почетокот на мај, организирале надзор на жртвата и долг период ја следеле метата. Потоа набавиле автомобил и автоматско оружје и вчеравецер тргнале во крвавиот поход на Звицер.

Според укранските медиуми и полиција, кон Звицер биле испукани пет куршуми кои предизвикани прострелни рани во пределот на стомакот. Тој синоќа бил опериран во Киев и се наоѓа во животна опасност. Радое Звицер, како што наведуваат и регионалните медиуми, со години не живее во Црна Гора, иако важи за лидер на една од најмоќните криминални групи во овој дел на Европа.

апсење Киев Радое Звицер Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.