Browsing: ВЕСТИ

За Северна Македонија, ЕК предлага да се издвојат 160 милиони евра, за Албанија – 180 милиони, за БиХ – 250 милиони евра, за Косово 100 милиони евра и за Црна Гора – 60 милиони евра. Надвор од земјите од Западниот Балкан, европската извршна власт смета дека ќе бидат потребни 150 милиони евра на Грузија, 200 милиони евра на Јордан, 100 милиони евра за Молдавија, 600 милиони евра за Тунис и 1,2 милијарди евра за Украина

Според наводи на италијанскиот весник „Република“, СЗО го истакнала својот предлог на вчерашниот состанок со генералните секретари на членките на УЕФА што е одржан со видео конференциска врска

Скратен „полициски час“ e предложен и за деновите во викендот и тоа од сабота во 13 часот до пет часот наутро во понеделник. Два часа плус за движење за лицата повозрасни од 65 години и час повеќе за лицата до 18 години

Во Етиопија, Тедрос Аданом Гебрејесус го реформира здравствениот систем и многумина го оценија тоа како голем успех. Но, шефот на Светската Здравствена Организација (СЗО) не е без контроверзи, а пандемијата на коронавирусот е неговиот најголем тест досега

Смртниот случај е регистриран во ГОБ „8 септември“ кај 70 годишен пациент од струшко Лабуништа кој бил хоспитализиран на 8 април во тешка состојба и веднаш поставен на респираторна машина. Седумте нови случаи со коронавирус во земјава се регистрирани кај три лица во Тетово и по две од Куманово и од Кочани