Browsing: ВЕСТИ

Премиерката на Велика Британија Тереза Меј ја пофали Македонија, за како што рече таа, добрата политичка волја на Владата за спроведување на реформи. Таа се осврна и на спорот со името меѓу Македонија и Грција.

Франција со внимание ги следи политичките процеси во регионот и во Македонија. Македонија и Грција преземаат историска улога со посветеноста во решавањето на прашањето за името. Решавањето на овој спор е позитивно и сериозно наследство за Македонија, рече францускиот претседател Емануел Макрон на вечерашната средба со премиерот Зоран Заев во Софија.

Планираната прослава на Скопје и воопшто на цела Македонија повторно ја украде Ѓер во денот во кој шампањското се ладеше од изутрина, па и, веројатно, однапред испечатените „limited edition“ маички со наслов „ШАМПИОНИ“ ќе останат само спомен на едни прекрасни години и за ракометарките и за ракометни фанови

На дебатните телевизиски емисии, многупати се случува гостите да зборуваат политературно отколку самите водители кои во занес дека се многу важни, мислат дека се над она што е кодифициран македонски литературен јазик, па си дозволуваат да импровизираат.

Европскиот начин на постигнување мир и безбедност подразбора нивно оставрување само преку помирување и надминување на старите конфликти и рани, изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.