Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шекеринска: Одлуката на МПЦ ја земавме како добар знак дека ќе нема собирања во црквите

0
By Нова ТВ on April 18, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 18, 2020 16:02
Македонската Православа Црква издаде соопштение во кое ги повика верниците да останат дома за време на празникот. За жал, еден дел од црквите не го применуваа тоа правило. Затоа бевме загрижени, но Уставот не ни дозволуваше да ставиме ограничување со затваорање на храмовите, одговори на Радмила Шекеринска, вицепремиерка во Владата и министерка за одбрана, на прашањата на НОВА, „Дали стравуваат дека по Велигден се очекува погубен бран на заболени со КОВИД-19“.
„Денеска ништо не е исто. Однесување, навики и потреби не може да се практикуваат како порано. И Папата сам држеше служба. Џабе се сите препораки, ако не се почитуваат. За 8 март не се почитуваа препораките и ги видовме последиците. Ние соопштението на МПЦ го земавме како добар знак, но некои цркви не ги затворија вратите. Џабе ако од надвор пред храмот влегуваат по двајца, ако внатре земаат сите со една лажичка“, изјави вицепремиерка Шекеринска.
На прашањето на НОВА „зошто од мерките за спречување на ширење на коронавирусот во земјата е изземена црквата“, премиерот Оливер Спасовски рече дека здравјето е над се и дека верските заедници сами треба да понесат одговорност.
„Здравјето е над се и верските заедници треба да допринесат да се спречат масовни собири. Нивните водачи треба да превеземат мерки и на нив останува ситуацијата да биде подигнато на повисоко ниво. Ние забранивме масовни собирања и тие мерки мора да се почитуваат“, рече премиерот Спасовски.
Министерот за здравство, Венко Филипче истакна дека „актуелната здравствена состојба во земјата што е обременета со пандемијата на КОВИД-19 ги надминува сите граници и верски разлика“.
„Ние донесовме мерки на време со медицинска оправданост. Затоа апсолутно секој треба да ги почитува. Ова однесување ќе биде модел на однесување и во иднина“, нагласи Филипче.
Со оглед дека неколку дена по Велигден, ќе започнат рамазанските пости, по ова прашањето на НОВА се произнесе и вицепремиерот Бујар Османи.
„Јас бев во комуникација со Исламската Верска Заедница и од таму позитивно одговорија за затворање на џамиите. Ќе видиме ќе разговараме и ризиците за месецот Рамазан за тие 30 дена кои се со одредени специфики и ќе донесеме соодветни одлуки“, рече Османи.
На прашањето на НОВА „зошто не се ограничи движењето од општина во општина, за да се спречат масовни собирања по видендици, а особено луѓето да не излегуваат од своите места на живеење бидејќи во Италија тоа се покажа фатално“. премиерот Спасовски одговори дека полицискиот час дава резултати и затоа нема потреба да се ограничи движењето на граѓаните од општина во општина,

„Немаме информација дека има собориња и групирања во излетничките емста, нема движење на луѓе, така што полицискиот час дава резулати, изјави премиерот Спасовски.

Бујар Османи Велигден Венко Филипче Коронавирус мерки Радмила Шеќеринска Рамазан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.