Browsing: ВЕСТИ

Михајловски веќе три години се бори со лошата болест, меѓутоа не се предава. Овој месец ќе биде подложен на четврта операција во Хамбург која се надева оти ќе биде успешна и последна. Телесно е исцрпен, но и финансиски, бара морална поддршка и помош за донирање средства

Од карцином на грлото на матката во периодот од 2012 до 2018 година починале 269 жени, а годинава во Програмата за скрининг, државата одвојува дури 2,3 милиони денари помалку од 2018 година

Пред 50-тина дена дојдовме до сериозен доказен материјал за злоупотреба во менаџирањето на отпадот на територија на градот, за што навремено беа известени надлежните институции, посочи скопскиот градоначалник, Петре Шилегов на денешната прес-конференција. Од приложениот материјал, додаде тој, се забележува дека наместо термичка обработка и стерилизација, се случувала несоодветна обработка на медицинскиот отпад што потоа завршувал на „Дрисла“ како обичен отпад

Извори од обвинителството за Нова ТВ пренесуваат дека, под изговор оти работат во трета смена, малкутемина работници во погоните на „Еко Клуб“ го обработувале медицински отпад на несоодветна машина, односно опрема која се користи за поинаков вид отпад, но не и за медицински. Ако се користи за медицински, како во случајот, тогаш отпадот не се обработува (уништува) целосно, туку му се прави примарно дробење, но со оглед дека таа опрема не постигнува висока температура потребна за усмртување на бактериите, особено од крвавите делови на отпадот, заразите, опасни по здравјето на луѓето, не се уништуваат целосно

И двајцата се сметаат за вмровски кадри и наводно се наоѓаат на списокот за трансфер од Агенцијата за разузнавање во МВР. Покрај нив, уште неколкумина се подготвуваат да преминат во полицијата, а претходно тоа веќе го направија петмина

Во средината на октомври, тогашниот премиер на Северна Македонија, Зоран Заев им кажа на новинарите дека „во наредните два до три месеци“ очекува да започнат подготвителни активности „за најмалку пет или шест нови значајни производствени погони“ во земјата.

„Made in Europe” етикетата на облеката сугерира фер работни услови. Но во Северна Македонија текстилните работници заработуваат милостина. Некои фирми поради тоа ги губат договорите со странските компании