Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германските медиуми за Ѓоковиќ по финалето на АО: Кралот ја сочува тврдината

0
By Нова ТВ on February 3, 2020 ВЕСТИ
Фото: ausopen.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 3, 2020 15:09

Со воодушевување и стравопочит, германските медиуми пишуваат за Новак Ѓоковиќ кој вчера по осми пат во кариерата го освои трофејот на Австралија опен. Тој во финалето, по речиси четири часа, го порази петтиот носител Доминик Тим од Австрија со 6:4, 4:6, 2:6, 6:3, 6:4 и ја одбрани титулчата во Мелбурн.

„Ѓоковиќ веројатно е најголемиот индивидуалист во овој спорт. И затоа е така тешко да се победи против него, па дури и некој да е така блиску до такво нешто како што беше Тим“, коментираат медиумите во Германија.

Победата во финалето за Ѓоковиќ значеше и враќање на врвот на АТП листата кој до почетокот на гренслемот го држеше Рафаел Надал.

Фото: ausopen.com

„Неговиот престол се тресеше, но „кралот“ на Австралија опен успеа да ги одбие нападите и да слави во своето осмо финале на централниот терен во Мелбурн парк. По негативата со 1:2 во сетови, 32 годишниот српски тенисер на крајот, сепак, триумфира во мечот што на моменти покажа највисоко ниво на тенис“, објави германската НТВ на својата интернет страница.

Австриецот Тим, пак, загуби во третото гренслем финале во кариерата, прво на Австралија опен и сè уште е без трофеј на турнирите од т.н. „голема четворка“.

Фото: ausopen.com

За драматичната победа со пресврт напироко пишува и германскиот портал „Спорт1“.

„Престолот на Ѓоковиќ се тресеше и се чинеше дека „бунтот“ на Доминик Тим може да биде успешен, меѓутоа „кралот“ на крајот со големи напори успеа да го сочува „кралството“. Низ пет, неизвесни и, на моменти, квалитетни сетови, бранителот на титулата и рекордер по бројот на победи на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ успеа да извлече глава од јамката“, пишува „Спорт 1“.

Првата победа во Мелбурн, Ѓоковиќ ја забележа во 2008 година по што ја покоруваше конкуренцијата и во 2011 година, во 2012 година, во 2013 година, во 2015 година, во 2016 година и лани.

Фото: ausopen.com

„Голема група на навивачи се собра пред големото плато во паркот пред арената. Најголем дел од навивачите беа во црвени и сини маички, а грбот на некои беше прекриен со српски знамиња. Публиката ретко го прифаќа Ѓоковиќ така топло и беше наклонета како кон Федерер и Надал, но ако тој некаде има свои верни навивачи, тоа е во Австралија, иселеничка дестинација на другиот крај на светот“, наведува угледниот германски весник „Зидојче Цајтунг“.

Опишувајќи го мечот, весникот нагласува дека „тешко може некој да го победи Ѓоковиќ на тој стадион кој е негова тврдина“. Кога Тим го нарече крал на Мелбурн, веројатно имаше добра причина за тоа, пишува „Зидојче Цајтунг“ и потенцира дека Србинот, кој досега собра 17 гренслем титули, нема пораз во финале на Австралија опен.

Фото: ausopen.com

Неделникот „Шпигел“ во своето издание го нарекува Ѓоковиќ „неромантичен идеалист“.

„Новак Ѓоковиќ е класа за себе во неговиот спорт. Во четвртиот сет од финалето, тој покажа зошто е толку тешко да се победи“, коментира авторот на текстот во „Шпигел“.

Притоа додава дека „се било како секогаш“. Кога официјалниот спикер на стадионот објави дека се гласа за најомилениот играч на турнирот, најмногу гласови доби Тим, чувство што е одлично познато на Ѓоковиќ. За српскиот тенисер се вели дека е ретко омилен, меѓу другото бидејќи и на теренот делува како некој неромантичен идеалист. Но, толку тоа е што го прави така успешен“.

Австралија опен медиуми Новак Ѓоковиќ реакции тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.