Browsing: ВЕСТИ

Уставниот суд не поведе постапка за оценка на уставноста и законитоста на Законот за амнестија во целина, додека иницијативата за оценка на членот 2 од истиот закон е отфрлена, бидејќи веќе е одлучувано по тоа, информираат од Уставниот суд

Кабинетот на премиерот Педро Санчез побара ратификација на документот по итна постапка имајќи предвид дека неговата земја е последна од 29-те членки на Алијансата што го нема тоа направено

Правниот тим на американскиот претседател наведе дека тој не сторил „апсолутно ништо погрешно“ и го повика Сенатот да ја отфрли постапката за отповикување што ја нарекоа „лажна“ и „опасно извртување на Уставот“

Навремено плаќање на комуналните услуги претставува проблем за една третина или 36 отсто од гршките домаќинства, покажува новото годишно истражување на јавното мнение на ЕУ за приходите и условите за живот (EU-SILC). На второ место е Бугарија со 30 отсто од домаќинствата кои не се способни навремено да ги плаќаат своите сметки во последните 12 месеци

Не го креваме веќе телефонот на судии и на обвинители да им кажеме што да прават. И пораката од почетокот на владата беше иста – законот мора да важи за секој. Случајот „Рекет“ и сите истраги поврзани со тоа покажаа дека навистина никој не е над законот, вели во неделното интервју на Радио Слободна Европа, вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска

Европскиот суд за човекови права во Стразбур (ЕСЧП), постапувајќи по предметите за процесот на лустрација, досега има донесено шест пресуди против Северна Македонија, а во меѓувреме постапува и по предметите за Владимир Милчин, Кирил Псалтиров и Николче Бабовски

Од ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека до нив е доставен нов предлог закон за ЈО, кој на крајот од минатата година беше најавен од Министерството за правда од каде вчера најприн рекоа дека во игра останува старата верзија, но подоцна очигледно нешто се променило

Рускиот претседател Владимир Путин вчера најави сеопфатни уставни реформи, а нов премиер ќе биде Михаил Мишустин. Тие би можеле да му помогнат да остане на власт и откако ќе му заврши вториот мандат, коментира Роман Гончаренко

Законодавниот дом прифати дел од барањата на неформалното здружение „Стоп на извршителите“, кои влегоа во измените на Законот за извршување, како што се -одбитоците да бидат 1/5 од плата, наместо 1/3 како досега и отпис на камата на физички лица кон јавни претпријатија