Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шпанската Влада до Сенатот: Итна ратификација на Протоколот на С. Македонија за НАТО

0
By Нова ТВ on January 22, 2020 ВЕСТИ
Фото: aa.com.tr
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 22, 2020 14:58

Владата на Шпанија вчера го одобри Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО и веднаш го достави на усвојување во Сенатот. Кабинетот на премиерот Педро Санчез побара ратификација на документот по итна постапка имајќи предвид дека неговата земја е последна од 29-те членки на Алијансата што го нема тоа направено, пренесува шпанската новинска агенција ЕФЕ.

„Неопходно е ратификацијата да биде по итна постапка со цел да не се одложуваат заложбите на Шпанија како сојузник во НАТО за прием на Северна Македонија во Алијансата“, се вели во образложението на шпанската Влада.

Владата во Мадрид во јули лани достави барање до Парламентот за ратификација на протоколот, но поради распишувањето на предвремените парламентарни избори на 10 ноември постапката беше прекината. Лидерот на социјалистите, Санчез на почетокот на овој месец доби поддршка за формирање на коалициска влада со што се стави крај на речиси едногодишната политичка криза во четвртата по големина економија во еврозоната.

За десет месеци, Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО го ратификуваа 28 од вкупно 29 членки. Приемот на земјава како 30. членка во Алијансата е извесно, а влезот е формалност, бидејќи одлуката и согласноста од 29 земји-членки е веќе дадена. Предлог-законот за ратификација веќе е во процедура и во македонското Собрание. Владата кон крајот на минатиот месец се одлучи за предвремена ратификација кај нас, со цел да не се загуби континуитет во процесот на официјализирање на нашето членство со оглед на предвремените избори на 12 април и распуштањето на Парламентот на 11 февруари.
Влада Македонија НАТО Протокол ратификација Сенат Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.