Browsing: ВЕСТИ

На повидок е петтото самораспуштање на Собранието кое треба да се случи во февруари, ако останува датумот за предвремени избори на 12 април 2019 година. Датумот е утврден договорно од страна на лидерите на главните политички партии од македонскиот и албанскиот блок, со посредство на претседателот на Републиката, Стево Пендаровски. Причината е од тривијален карактер – недобивање датум за преговори со ЕУ

Физибилити студија, Мастер план, економски анализи за развој на Попова Шапка. Како оваа така и претходната влада го развиваат центарот, но само на хартија предвидените инвестиции од студиите никако да се реализираат во пракса. Досега за вакви анализи се потрошени над пола милион евра.

Министерката за правда Рената Дескоска денеска го повика Собранието да даде автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување со цел, како што наведе, да се спречат секојдните обиди од различен тип за избегнување на правдата и обезбедување на неказнивост за сериозни кривични дела

Скршени даскички од украсните лајсни, исечен тапацир е штетата што според директорката на МНТ може да се види по прославата на јубилејот на навивачката група Шверцери во петокот

Столтенберг, исто така, патува во Париз следната недела за да се сретне со Макрон, веројатно за да разговара за коментарите на интервјуто на францускиот претседател, со што се доведува во прашање постојаната важност на членот пет.

Како генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ пред две години, Мицкоски побара СДСМ да се повлече од Договорот, додека како лидер пред една недела најави „црвени линии“ како одговор на Декларацијата на бугарскиот Парламент