Browsing: ВЕСТИ

Експлоатација на работната сила во Македонија од странските инвеститори или ниска свест за социјалните права на работниците? За овие прашања покренати поради штрајкот на вработените во Дрекслмаер дебатираат Здравко Савевски од Солидарност и Миле Бошков од Конфедерацијата на работодавачи

На јутујуб каналот на данскиот парламент се појави кус цртан филм во кој преку суперхеројот наречен Воутмен се канат данските граѓани да гласаат на престојните избори во Европската унија. Храброто решение за промотивниот спот содржи и секс и насилни сцени. Погледнете го видеото.

Граѓаните на Европската унија треба да имаат право да „бидат заборавени“ на интернет. Европскиот суд во Луксембург донесе одлука дека управувачите со машините за пребарување како „Гугл“ на барање се обврзани да избиршат од индексот за пребарување чувствителни лични податоци

Речиси 90 отсто од гласачите на вчерашниот референдум во источниот украински регион Доњецк се изјасниле за независност од Киев, известил претставник на изборната комисија. Според Роман Љагин, над 89 отсто од гласачите гласале за, пренесува Итар Тасс

Првата дама на САД Мишел Обама изјави дека масовното киднапирање на нигериските ученички е дел од поширокиот тренд на закани и заплашувања со кој соочуваат девојки од целиот свет кои продолжуваат со образованието

Првата дама на САД Мишел Обама изјави дека масовното киднапирање на нигериските ученички е дел од поширокиот тренд на закани и заплашувања со кој соочуваат девојки од целиот свет кои продолжуваат со образованието

Германија и Франција ќе воведат дополнителни санкции кон Русија ако изборите во Украина, кои треба да се одржат на 25 мај, не поминат како што е планирано. За ова информираа Ангела Меркел и Франсоа Оланд

Аривиски снимки од 9 мај 1945 кога во Лондoн, Винстон Черчил официјално соопшти дека нацистичка Германија безусловно капитулира. Десетици илјади граѓaни низ улиците на Лондoн ја прославуваат победaта над фашизмот

Во првото издание на новата сезона на Еврозум анализираме кои ќе бидат искушенијата на македонското судство во преговарачкиот процес за членство во ЕУ и како ќе настапат европските преговарачи по искуствата во Бугарија, Романија и Хргватска? Целата емисија е на ТВ 24 Вести во недела во 19.45

Владиниот функционер од кариера е, исто така, поприлично богат. Проектот за известување за криминал и корупција(The Organized Crime and Corruption Reporting Project (OCCRP) заедно со НОВА во Македонија и Чешкиот центар за истражувачко новинарство откриваат дека Мијалков има инвестирано милиони во скапи недвижнини во Прага