Browsing: ВЕСТИ

Првичните резултати од претседателските избори ги коментираше и претседателот на Граѓанската опција за Македонија, Јакимовски, кој изрази незадоволство во поглед на бројот на неважечките гласачки ливчиња на одредени гласачки места

Денеска Албанците кажаа „да“ за меѓуетничката консензуалност како концепт во Република Македонија и кажаа „не“ на едностраното владеење односно на едностраниот претседател, денеска триумфираше идејата на ДУИ, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи на вечерашната партиска прес-конференција во Мала Речица

Според МОСТ, Ѓорѓе Иванов освои 53,14 %, Стево Пендаровски 38,78 отсто, Иљаз Халими 4,5 отсто и Зоран Поповски 3.58 отсто. Одѕивот на гласачите е 49,64 отсто, а неважечките ливчиња се 2,78 отсто. Овие резултати се со 95 отсто извесност, соопшти Дарко Алексов, извршниот директор на Граѓанската асоцијација МОСТ

На 79 % обработени податоци на ВМРО-ДПМНЕ: Иванов добил 381.000 , Пендаровски- 273.000. Разликата во гласови на претседателските избори е голема. Победи ВМРО-ДПМНЕ и Ѓорге Иванов, рече Влатко Ѓорчев, по што долго се аплаудираше во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

„Не веруваме дека овој ден на гласање беше фер, демократски и слободен, низа од овие нерегуларности кои се провлекуваат со години назад се неприфатливи и мораме да воспоставиме нулта толеранција“, рече Дерала

Според податоците од аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ, од досега пребројаните 100.500 гласови, 54.970 му припаѓаат на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, 33.900 на кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски

НОВА доби фотографија со содржината на оваа СМС порака која наводно пристигнала до сите вработени во државната администрација од албанска националност, вели за НОВА вработен кому му пристигнала оваа порака.

„Им честитаме на граѓаните за високата демократска свест што ја презентираа на денешното гласање. Ова се едни од најфер, најслободните и најдемократските избори досега“ изјави директорот на Центарот за комуникации на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски