Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Атина го очекува референдумот за ратификација на Договорот

0
By Нова ТВ on July 16, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 16, 2018 09:09

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас е уверен дека Договорот од Преспа ќе биде поддржан од мнозинството пратеници во грчкиот Парламент, а во Македонија се очекува политичките чинители да се договорат околу одржувањето на референдумот, но претходно за новиот состав Државната изборна комисија (ДИК).

55 отсто од Грците го поддржуваат Договорот

Шефот на грчката дипломатија Коѕијас во интервју за германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ изрази увереност дека договорот од Преспа ќе добие зелено светло од пратениците во грчкиот Парламент, па дури и од некои пратеници од Независни Грци, на што реагираше портпаролот на „Независни Грци“ дека ставот на Владата официјално го изразува владиниот портпарол, а се останато се лични проценки.

– Договорот со Северна Македонија, во секој случај ќе помине во Парламентот. Но, сакам да го разјаснам следното: се стремиме кон мнозинство над 150 гласови и тоа ќе го добиеме. Секако дека не сум пророк – луѓе може да умрат, може да има земјотреси, но под нормални услови нема да постои апсолутно никаков проблем да ги добиеме овие 151 глас. Точно ги преброив. Точно е дека Независни Грци нема да гласаат како партија, но постојат пратеници од оваа партија кои што сметаат дека е добар договорот. Покрај тоа постои и партијата Река, во која не сметаат сите пратеници дека е добар договорот, но во секој случај некои од нив, вели шефот на грчката дипломатија и додава дека во Парламентот се брои мнозинството пратеници, а не партии.

Во однос на истражувањето на јавното мислење во Грција и резултатите според кои огромен е бројот на граѓани што се против Договорот, Коѕијас го повторува неговиот став дека анкетите за грчкото МНР даваат друга слика.

– Истражувањата спроведени за Министерството за надворешни работи кои не се наменети за објавување, покажуваат друга слика: околу 55 проценти, според овие истражувања се против Договорот, додека пак 37 проценти за. Станува збор за добра појдовна точка, ако се размисли дека решението во парламентот беше поддржано само од СИРИЗА, вели Коѕијас.

Прво ДИК, па референдум

Политичките чинители во Македонија во периодот што следи треба да се усогласат околу новиот состав на ДИК која треба да ги спроведе сите неопходни активности за претстојниот референдум. Нејзиното формирање е условено од опозицијата со донесување на законот за финансирање на политичките партии и законот за влада. На протестниот марш организиран вчера во Кавадарци, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ упати критики до Владата за нејзините политики, барајќи и предвремени парламентарни избори.

За Владата, пак, со добивањето покана за пристапни преговори за членство во НАТО и очекувањата за ЕУ во јуни 2019 година се остварени стратешките цели на државата.

Премиерот Зоран Заев на прославата во Битола организирана по повод добивањето покана за пристапни преговори за членство во НАТО изјави дека се остварени заедничките стратешки цели и ја повика опозицијата да се издигне над поделбите и разликите.

Но датумот за референдум и референдумското прашање најверојатно ќе се догововараат во последен момент. Пред истекот на рокот до кога Собранието треба да донесе одлука за распишување на референдумот, партиите најверојатно на лидерска средба, наредниве денови ќе ги договораат деталите и изборот на Државната изборна комисија која треба да го спроведе референдумот.

Од СДСМ и од ВМРО ДПМНЕ за НОВА ТВ потврдија дека Законот за финансирање на партиите е делумно усогласен и наскоро може да се испрати во Собранието на гласање. Со овој Закон се предвидува буџетско финансирање на парламентарните и вонпарламентарните партии. Но, овој Закон е само еден од двата услови што ги постави ВМРО ДПМНЕ за изборот на ДИК. За барањето за „пржинска влада“ нема најава од ниту една партија дека е подотвена на отстапки.

Дик Договор референдум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.