Browsing: ВЕСТИ

Во Струга за претседател за државата се гласало и за Сали Бериша. На социјалните мрежи се појави ливче од избирачко место во Струга на кое е допишано и името на поранешниот албански премиер Сали Бериша, а прешкртани се имињата на останатите кандидати за пратеници

Шеќеринска обвини дека била физички нападната од пратеникот Амди Бајрам. Камерата на НОВА сними вербална расправија помеѓу неа и заменик министерот Ибраими во дворот на основното училиште „Браќа Хамид и Рамиз“ во Шуто Оризари

Досегашните информации од изборниот ден, говорат дека за жал гласањето во голем број избирачки места беше проследено со низа нерегуларности и неправилности, соопшти Оливер Спасовски, Генерален секретар и Шеф на Изборен штаб на СДСМ

Се надевам, дека денеска, целиот изборен процес, како и што започна така и ќе продолжи, мирно во фер и демократска атмосфера, сите граѓани на нашата земја да одлучат кој ќе го испратат во вториот изборен круг како кандидат за претседател на државата, изјави Заев

На гласачкото место 1234 во општина Неготино во 17:10 часот еден гласач ја скршил гласачката кутија, по што гласањето било прекинато. Во Гостивар се забележани 7 случаи на семејно гласање при што гласале 16 лица

Цел ден се даваа списоци со имиња на лица кои до сега не се излезени на гласање и им се пренесуваат до партиските војници за да ги извадат луѓето на гласање, објаснува еден од наблудувачите во Основното училиште „Браќа Миладоновци“ во Струга

Излезност според ДИК: Битола 52%, Тетово 29%, Гостивар 18%, Чаир 13,75%, Шито Оризари 24 %, Центар 53,84%, Велес 52%, Охрид 50%, за разлика од тоа во Теарце гласале само 16%, Студеничани 15%, Дебар 13%, Сарај само 9%, а во Липоково е најниска излезноста 8%

На едно лице му испаднале пет лични карти од џеп, забележано е групно и семејно гласање, а некои граѓани биле спречени да гласаат бидејќи ги нема на Избирачкиот список, информираше невладината ЦИВИЛ

Одѕивот на гласачите на претседателските избори до 13 часот и 40 минути, изнесува 25,79 проценти, соопшти Државната изборна комисија. До тој период на гласање излегле 415.670 граѓани