Browsing: ВЕСТИ

Сликата која ќе ве пречека при влезот е ужасна: Руинирани sидови, прозорци, врати, дупки во подовите, искинати душеци на кои пациентите изведуваат вежби.Во видеото погледнете како во 21 век изгледа еден важен сегмент од македонското здравство

Најголемата грешка ќе биде ако Никола Груевски даде оставка. Се работе за човек кој граде, кој праве. Сите дворови се уредени. Патишта, железници, аеродром, се, се, се е напраено во времето на Груевски. Верувајте, нашето село е погодено, има многу луѓе што плачат…

Пoранешниот министер за надворешни работи Александар Димитров и пи- ар експертот Петар Арсовски дебатираат за можните излезни решенија на Груевски по условената оставка; дали еврокомесарот во дипломатската актовка носи разврска за кризата; дали е можно Груевски да даде оставка, а изборите да се одложат?

Рускиот претседател Владимир Путин во интервју за Билт демантираше дека сакал да ја исплаши германската канцеларка Ангела Меркел, кога во Сочи пред 9 години за време на разговорите во собата го донел и неговиот лабрадор Кони

Гледајте ја последната пилот-епизода од сатиричното шоу на Контравести, во продукција на НОВА: Да се љуби или да се добие виза, прашање кое го наметна Каракамишева; чиј е домејнот Збогумникола.com; како Заев ги доби бомбите; што говорел Ахмети во Грција?

Македонија увезува кинески апарати кои не го мерат точно шеќерот во крвта, постојано има недостиг на инсулини или пак, увезува сомнителни кои не делуваат. Ова се само дел од проблемите со кои се соочуваат луѓето со дијабетес за кои во ПРОЦЕС зборуваат Бобан Нестовски од Здружението „БУВ“ и Цвете Серафимоски од Здружението за детски дијабетес „Баланс МК“

Наташа Срдоч од Јадранскиот институт во Вашингтон кој го промовираше извештајот за црните пари извлечени од Балканот во интервју за НОВА зборува за тоа како е утврдено дека 5,3 милијарди долари ја напуштиле Македонија нелегално како и за тоа како тие пари да се вратат дома

Легендарниот режисер Слободан Унковски, човекот кој е еден од ретките кој во позитивна смисла ја одбележа 2015, во интервју за НОВА говори за неговиот културен центар “Кино Култура”, за улогата на министерката Канчевска, за неговиот активизам и колегите кои молчат и покрај нивниот став за владините политики

Сите директори на јавниот ТВ сервис во Полска поднесоа оставка како протест поради законот коj ќе ја редуцира слободата на информирање а националното радио протестира со емитување на полската химна и Одата на радоста на Бетовен.

Затоа што Груевски ќе стане демократ преку ноќ, како што прочитавме од Сем Вакнин, во неговите дијалози со новинарот Зоран Димитровски, во неделникот “Фокус”

Ова не е приказна за волшебната природа на Јужна Африка и Кејп Таун од која ви застанува здивот, туку приказна за тешката сиромаштија, невработеност и дискриминација кои и по 25 години по крајот на апартхејдот се уште постојат во оваа земја на крајот на африканскиот континент.