Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Скопје 2014“ – проект со сите елементи на заробена држава

0
By Нова ТВ on June 25, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 25, 2018 14:48

„Скопје 2014“ не е илустрација на заробена држава, туку производ и отелотворување на самиот поим заробена држава. Со него се суспендирани Уставот и законите, злоупотебени се и узурпирани надлежностите на одговорните институции за на криминален начин да се одлеат буџетски пари за стекнување незаконски профити. Тоа се заклучоци од конференцијата „Заробена држава – илустрирана преку случајот: изградба на проектот „Скопје 2014“ која денеска ја организираше Транспаренси Интернешнл Македонија.

Претседателката на ТИМ Слаѓана Тасева рече дека „Скопје 2014“ ги има сите елементи на заробена држава, а тоа го покажува и анализата од која денеска беа презентирани податоци: парализирани институции и заробени медиуми, прекршување закони во интерес на една цел – да се извлечат пари од буџетот, одлуки на мала група луѓе и луѓе од доверба, измени на закони и акти со заобиколување на надлежните институции, нетранспарентно и суптилно спроведување на одлуките, особено за јавните набавки, привид за легалност која е доведена во прашање со многу дополнителни анекси.

– Не можевме да најдеме подобар пример за илсутрација на заробена држава, не само во Македонија, туку и во регионот. Затоа што тој случај е многу јасен и очигледен пример на заробување на процесот на носење политички одлуки, кој прераснува во најсилен облик на политичка корупција. Истовремено, кога се користат спрегите и врските помеѓу јавниот и приватниот сектор и кога се работи исклучиво да се задоволат нечии интереси, избегнувајќи ги сите механизми на владеење на правото и за отчет и контрола, доведуваат до заробување на државата, системот и управвањето, кои дури добиваат елементи типични за организирани криминални групи, рече Тасева.

Иако сите го викаат проект, рече таа,  „Скопје 2014“ формално и не постоел како проект зашто никаде немало одлука за него, туку се се правело парцијално и почнало со споменикот Воин на коњ.

Специјалната обвинителка Катица Јанева додаде дека одлуките на највисоко ниво, во Владата на РМ, за еден таков проект видлив во главниот град, се донесувале под точка разно.

– Многу грижливо внимавале структурите на власта како да не дојде до транспарентно информирање на граѓаните што навистина се гради. Се работи за организирана операција која знаела која е целта – да се изградат огромен број објекти и споменици за кои немало план и програма, туку се граделе според политичка програма на една политичка партија, рече Јанева.

Јанева рече дека се додека не ги анализираат сите документи и не утврдат каде завршиле буџетските пари, кај кои физички или правни лица се одлеале,  дали се тие во Република Македонија или надвор и кој ги користи, СЈО нема да отвори истрага за одредени лица кои се директно инволивирани во проектот „Скопје 2014“.

СЈО повеќе од две години води предистражна постапка за „Скопје 2014“, а индиции за него биле телефонски разговори и начинот на кој се градел. Собираат, рече Јанева, документи за патот на парите од Буџетот на РМ и собрале голем број материјали за фасади, споменици и згради и за разни одлуки на Владата за овој проект. Но проблем е архивирањето и начинот на селектирање на документите што требало да се чуваат.

– Најголем проблем имаме во Општина Центар која документите за јавни набаваки за разни објекти и споменици од „Скопје 2014“ не ги селектирала и тоа ни прави голем проблем. Голем број од нив се предадени во Архивот на РМ, па се вратени во Општина Центар,  па не се знае каде се наоѓаат. Во последен период најдовме огромен број материјали кои биле складирани во Архивот на РМ непопишани. Сега ги зедовме во наша сопственост и во моментов ги анализираме, рече специјалната обвинителка.

Конференцијата го отвори прашањето и како сега да се „одроби заробената држава“ и како да се постават механизми кои нема да дозволат другпат тоа да се случи.

Според Роберт Алаѓозовски, до скоро министер за култура, а сега национален координатор за култура и меѓународна соработка во Владата,  се работи за тежок случај од кој излезот е како од лавиринт поради заплетканоста на разни институции во создавањето на „Скопје 2014“. Важно е, рече тој, да се донесат внимателни и претпазливи решенија, а граѓаните да се свесни во какво општество живееле.

– Сега се обидуваме да најдеме решение како да го третираме овој проект, при што сме многу внимателни и не сакаме конкретното решавање на овие градби понатаму да предизвикува поделби. Презедовме и крупни реформски чекори кои задираат во одредени аспекти на овој проект. Одробувањето на државата е почнато и многу бргу ќе има решенија за одредени музејски поставки и надлежности на некои институции, Се водат судски постапки за криминализирањето на јавните набавки и други постапки од страна на високи функционери на власта и очекуваме дека СЈО, Финансиската полиција, Јавното обвинителство ќе излезат со решенија, рече Алаѓозовски.

Актуелниот министер за култура Асаф Адеми истакна дека борбата со заробена држава е тежок процес за што, рече, сведочат многу земји во посткомунистичка Европа. Она што е битно, нагласи Адеми, е да се препознаат штетните последици и да почнат активности за ослободување на институциите на системот преку реформи во сите дејности.

– Сознанието дека во изминатите 12 години токму Министерството за култура преку проектот „Скопје 2014“ претставуваше синоним на заробена држава и за негативни последици на повеќе нивоа – правно, идентитетско, коруптивно и естетско, нужно резултура со отпочнување процес на системски реформи кои се преточени во Стратегијата зз културен развој 2018-2022. Нивното спровдување нема да биде лесен процес и ќе бара многу работа, посветеност и професионалност. Свесни сме за предизвиците, но решени сме да одиме по патот за ослободување на културата од сите видови заробеност, истакна Адеми на конференцијата.

 

дебата Јанева СЈО Скопје 2014 Тасева Транспаренси интернешенал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.