Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

До 17 јули ќе биде познат македонскиот преговарачки тим со ЕУ

0
By Нова ТВ on June 30, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 30, 2018 13:29

Последните неколку дена се историска пресвртница за евроатланските интеграции на Република Македонија која од Европскиот совет доби прецизна временска рамка за почеток на преговорите – јуни 2019 година – за полноправно членство во Европската унија (ЕУ), нагласи вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.

„Со оваа одлука на Европскиот совет добивме јасно признание за нашиот напредок од страна на Европската унија, всушност од сите нејзини земји членки, со што дефинитивно се затвора прашањето на европската иднина на Република Македонија“, рече Османи искажувајќи подготвеност на Владата да одговори на процесите поврзани со одлуката.

До 17 јули Македонија треба да го формира и преговарачкиот тим со ЕУ. Имајќи предвид колку долго Македонија го чекаше ја очекуваше оваа одлука за датум за почеток на преговорите, според Османи нашата администрација е подготвена да одговори на преговорите во процесот за кој истакна дека е многу скап.

„До 17 јули, кога се лансира скринингот, ние веќе треба да имаме имиња. Се работи за главен политички преговарач и за технички преговарач. Во делот на политичкото преговарање СЕП останува главен координатор на целиот тој процес. Кој ќе ја координира работата во техничкиот дел ќе одлучиме во наредните денови, рече Османи.

Политичкиот преговарач ќе ги координира министерствата, а техничкиот преговарач работните групи. Целата структура на преговарање се очекува да биде позната во наредните денови.

Османи најави континуитет во итните реформски приоритети, пред се, владеење на право, борба против организиран криминал и корупција, и како што посочува Советот, задржувајќи го и продлабочувајќи го досегашниот реформски момент.

„Ние сме целосно подготвени да одговориме на оваа агенда и овие предизвици“, рече Османи наведувајќи имплементација на сите реформи, пред се во правосудството, во безбедносните служби и во јавната администрација.

Вицепремиерот кажа дека СЕП е во последната фаза на подготовка на Планот 18 кој прераснува во план за преговори.

Македонија, потсети тој, треба да ги исполни и сите обврски од Договорот за спорот со името.

Османи ја поздрави и вчерашната одлука за поканата за членство на Македонија во НАТО.

Овие евроинтеграциски процеси, според вицепремиерот, ќе придонесат и за позицитивно влијание на економските текови во земјата и за поголем развој и раст.

Бујар Османи ЕУ Македонија Преговарачки тим преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.