Browsing: ВЕСТИ
Замина еден од најголемите, најволшебните писатели воопшто- Габриел Гарсија Маркес, нобеловецот кој со Сто години самотија предизвика земјотрес во светската книжевност како ретко кој дотогаш. Не напуштија и актерите Филип Сејмур Хофман и Робин Вилијамс, кои со раскошниот талент ги поместуваа границите на филмската уметност и создадоа поинаков Холивуд
Дебата на професорите Јасна Котеска и Игор Трајковски за Професорскиот пленум, за етикетите дека се сталинисти, за импакт-факторот и обвинувањата на премиерот Груевски дека трудовите на македонските професори не секогаш се прифатливи за странските списанија, како и тоа дека не знае дали би им биле објавени
Во 2014 година, сè започна со летот 370 на Малезија Ерлајнс. Боингот 777 кој патуваше од Куала Лумпур кон Пекинг, нагло го промени курсот на летот и во раните утрински часови на 8.март за последен пат на радар беше забележан западно од Малајскиот Полуостров над Индискиот Океан
За разлика од Министерството кое тврди дека системот не е заследње на лекарите, од Лекарската комора потенцираат дека системот не е толку наменет да се контролира слободата на лекарите, туку да се знае каде се доколку затребаат итно
Интервју со студентката Марија Грубор, за која се коментираше дека го одржала најинспиративниот говор и која ја претставуваат како новата Македонија: Какви мерки ќе преземат ако помине законот, за етикетите и дискредитациите дека се организирани од СОРОС, СДСМ, велејќи дека ова студентско движење е нов почеток за граѓанството и за оваа земја
Иницијатива – „ГО САКАМ ГТЦ“ , граѓаните направија жив ѕид околу градскиот трговски центар во Скопје и гласно порачаа дека нема да дозволат објектот да се реновира во барок. Погледнете го настанот низ објективот на НОВА
Знаеме дека има активности на руските тајни служби и на олигарсите на Балканот што е нездраво за кревките демократии на Балканот, вели во интервју за НОВА Клод Турмес, европратеник од Луксембург, член на Парламентарната комисија за енергија, истражување и индустрија
Евтини приказни: Наметнувањето нови даноци за хонорарците е само политичка одлука и ништо повеќе. Да се уништат новите медиуми, порталите и секако и невладините. Но, и легално да се земат пари од главните донатори, клучните душмани, како Сорос и УСАИД и некои други, тоа е прашање на живот или смрт
Една милитантка на групата Фемен денес на плоштадот Свети Петар во Ватикан ги покажа своите голи гради на кои пишуваше «Господ е жена» на англиски и ја зеде во раце статуетката на детето Исус.
Обвинителството одлучи дека не постои основа за покренување на кривична пријава во случајот со малиот Леон кој беше пронајден врзан во Заводот за рехабилитација во Бања Банско. Во образложението на Јавниот обвинител се вели дека вработените не го врзувале дестгодишното глувонемо момче со умисла, туку за да го заштитат, за да не се изгуби надвор на улица
Пред несреќата во која загинa македонскиот претседател Борис Трајковски, немало експлозија или пожар и нема траги кои укажуваат на пренасочување или терористички акт. Ова се ставовите на Комисијата за истрага наведени во извештајот, кој денеска е предаден на обвинителите и Министерството за транспорт и врски на Босна и Херцеговина
Интервју со претседателот на Адвокатската комора на Канада- Крис Палиаре: За писмото до Иванов и Груевски, изразувајќи силно противење на предложениот уставен амандман со кој ќе се забранат истополовите бракови, граѓански заедници или било која друга форма на животно партнерство за истополовите партнери