Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: ВЕСТИ
Со резултат 6-3, 3-6, 6-7 вториот најдобар тенисер според рангот, Новак Џоковиќ го победи Роџер Федерер на синоќешното финале на Индијан Велс
Листата на лица врз кои ЕУ најавува санкции «ќе биде лимитирана но политички значајна за да се испрати јасна порака» до Москва. На неа би требало да има пратеници, членови на бебзедносните служби и висок претставник на руското министерство за одбрана.
Некогашниот припадник на Ал-Каеда, Сајид Бадат пред њујоршкиот суд тврди дека четворица или петмина мажи од Малезија направиле план за киднапирање на авион на начин што во пилотската кабина ќе детонираат бомба, која што еден од нив ја скрил во својот чевел
Завршија денешните протести во Дебар за спас на Радика. Покрај дебарчани, на протестите учествуваа и претставници на невладини организации од Македонија и Албанија. Дебарчани најавуваат граѓанска непослушност ако власта се оглуши кон нивните барања.
Интервју на претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски: Зошто е оптимист ако опозицијата обвинува дека власта ги заплашува и корумпира граѓаните, што ќе се случи со албанските гласови, зошто ВМРО-ДПМНЕ се согласиле за географска одредница, за несреќата на Трајковски
Истражувачи се сомневаат дека авионот останал во воздухот околу четири часа од последно-потврдената локација, со што се отвора можноста да поминал дополнителни стотици километри
Живко Поповски – Цветин донира околу 50-тина слики во поддршка на хуманитарната акција за 11-годишниот Димитар Несторовски, кој боледува од прогресивна мускулна дистрофија
Во вчерашната експлозија во Њујорк во која се урнаа две згради загинаа шест лица, додека деветмина се водат за исчезнати. Повредени се над 60 лица. Експлозијата најверојатно била превизвикана од истекување на плин
Ројтерс објави детали од докуметот со кои ЕУ ги дефинираат санкциите против Русија а кои официјално ќе бидат усвоени во понеделник. Во тек е изготвување на список со имиња на кои ќе се применат овие мерки.
Македонија мора што поскоро да го реши проблемот со името и да ја напушти „антиквизацијата“, вели за НОВА, Љубчо Георгиевски. За избор на претседател тој би се определил за Кекеновски но не и за Иванов, кој како што вели, потекнува од најгркоманското село во Македонија
Во актуелната кампања на Демократската партија има спот со изјава на Ѓинѓиќ, ЛДП користи кокументарни материјали во кои граѓаните го молат Јовановиќ „да не го изневери Ѓинѓиќ“, додека Тадиќ изјавува дека „Ѓинѓиќ би бил згрозен кога би ја видел снимката на својата партија“
Засега, 34 авиони, 40 бродови и екипи од 10 земји ја истражуваат областа каде што последен пат е забележан авионот – нема никакви резултати, а нафтата која неодамна беше пријавена како можен доказ сеуште е под тест дали доаѓа од истиот авион