Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски:Во МВР постоела група која бришела докази од кривични дела

0
By Нова ТВ on April 27, 2018 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 27, 2018 13:33

Настаните во Собранието од 27 април минатата година  се показател за злоупотребата на Министерството за внатрешни работи во партиски цели. Тие немаше да се случат доколку постоеше независна контрола врз министерството. Во изминатите  десет месеци, во МВР биле покренати кривични постапки против 33 лица за сторени 36 кривични дела меѓу кои и за злоупотреба на службената положба, за изнуда и за насилство. Дисциплински постапки се поднеле против 291 лице, вработено во МВР.

Ова беше соопштено на денешната дебата на тема „Омбудсманот меѓу специјалните надлежности и капацитетите:Надворешна граѓанска контрола врз работата на полицијата“.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека во минатото во МВР: „Постоела група која била задолжена за бришење на трагите. Група која била политички окупирана, пред се, од високо позиционирани функционери во министерството и затоа ни се случува да имаме случаи за кои неможеме да најдеме докази и да дојдеме до релевантни сознанија бидејќи доказите или ги нема или повеќе не се такви како во време на извршувањето на кривичното дело“.

Со измените на Законот за Народниот правобранител што беше донесен во Собранието во февруарри годинава, надзорна контрола врз полицијата треба да има Омбудсманот, а во обвинителството и во судот да бидат формирани специјализирани одделенија за гонење на полициски службеници за незаконско работење и прекумерна употреба на сила.

„Овој систем не може да биде изигран“ вели Спасовски.

За разлика од министерот, универзитетскиот професор и претседател на Хелсиншкиот комитет, Гордан Калајџиев вели дека не е избран најдобриот модел и изрази револт поради тоа што како што наведе моделот бил избран на затворен состанок во МВР, на идентичен начин како што тоа било сторено со моделот за следење на комуникации.

„Иако ова многу квалитетно го отворивме како прашање, го зтворивме многу набрзина со пропусти во законските решенија“ рече Калајџиев.

Тој истакна дека во моделот за надворешна контрола на полицијата фокусот е ставен пред се на тешките повреди, додека, од друга страна со системот на надзор ќе останат нечепнати случаите со полицијата со кои секојдневно се соочуваат граѓаните.

„Пајак службата е рекет систем за полнење на буџетот. Не може да се крене едно возило освен во случаи кога суштински го блокира сообраќајот кажа Калајџиев.

Народниот правобранител Иџет Мемети истакна дека Омбудсманот и изминатите години активно водел истраги и собирал докази за незаконско постапување на полицијата, кои потоа биле доставувани до Обвинителството и МВР, каде се губеле во фиоките и по нив воопшто не било постапувано.

Како пример го посочи случајот „Сопот“ и уште два случаи, едниот за осуденик, кој бил претепан од затворските службеници, а потоа било кажано дека паднал по скали, а другиот за полицаец кој пред неколку години за партиски цели влегол во училиште и малтретирал ученик, за да ги заплаши останатите ученици да не излезат и да го искажат својот револт против екстерното тестирање.

„Ќе го спомнам случајот „Сопот“. Тогаш омбудсман бил Бранко Наумовски, кој водел одлична истрага и уште тогаш во 2003 година собрал многу докази дека во тој случај имало мачење и дека исказот на сведокот бил даден по присила. колку години поминаа оттогаш за да се потврди дека навистина било така. Доказите се собираат и се слеваат во Јавното обвинителство и таму се губат“рече Мемети.

Од денешната дебата беше упатена порака до институциите за побрзо донесување на измените на законите за Јавно обвинителсво и за судовите, со кои треба да се формираат специјализираните одделенија за гонење на полицајци поради незаконско работење и прекумерна употреба на сила.

Инаку, овие измени се во собраниска процедура и досега требаше да бидат донесени, но беа вратени поради усогласување меѓу работните групи на владејачкото мнозинство и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

27.април дебата Калајџиев МВР надворешна контрола полиција Спасовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.