Browsing: ВЕСТИ

НОВА ги објавува најгледаните Студиjа во текот на изминатата сезона. Аналитичарот Мехмети за средбата Груевски- Заев на која очекувано беше одбиен предлогот на лидерот на опозицијата за техничка влада, за улогата на меѓународната заедница и кои се идните чекори на двајцата лидери

НОВА ги објавува најгледаните Студиjа во текот на изминатата сезона. Интервју со Фросина Ременски, потпретседател на СДСМ: За скандалот на Факултетот за безбедност со опремување на лабаратории, за борбата против корупција и заштита на дојавувачите на корупција и криминал, популарно наречени свиркачи

Џихадистите од исламистичката сунитска група Исламска држава (ИД), на интернет објавија видео снимка на која е прикажано убивањето на американскиот новинар Џејмс Фоли, кој беше заробен од исламистите во Сирија пред крајот на 2012 година

НОВА ги објавува најгледаните Студиjа во текот на изминатата сезона. Лидерите на новинарите, Насер Селмани и Тамара Чаусидис за притисоците и уцените особено во Сител за да се зачленат новинарите во МАН, за мешањето на власта и улогата на Груевски и разговорите со Дуња Мијатовиќ во Скопје

Јованка беше сведок на домашните и светските политички процеси кои тогаш се случуваа. Во интервју за РТС Јованка зборува за малку познати детали од југословснската историја и за годините поминати во изолација.

За време на бомбардирањето, кое почнaло одеднаш, жителите на Луганск секогаш се криеле во близина на пазарот. Во втората половина од денот армијата отворила оган и во источните делови на градот.Жителите на градот и на соседните области, кои претходно добиваа производи и вода од Луганск, во моментов гладуваат

“Честитки на Мариам Мирзакани која стана првата жена која ја освои медаљата #FieldsMedal и не направи нас Иранците многу горди”, напиша иранскиот претседател на својот Твитер објавувајќи слика на Мариам без шамија со што предизвика шок во земјата.

Летото донесе лоши вести за германската економија. Статистиките велат дека внатрешниот бруто производ на Германија бил намален во споредба со истиот период лани за 0.2 отсто. Оваа вест ја загрижи цела ЕУ.

Прашањето на кое треба да одговорат археолозите е – кој ја имал честа да лежи веќе 2.500 години под импозантната купола висока три метри и заштитена од ѕид од 500 метри? Можеби е Роксана, персиската жена на Александар или Олимпија, мајката на кралот или пак некој од неговите генерали или придружници. Мали се шансите тоа да биде навистина Александар.

Турските жени оваа недела се побунија против сексизмот на турските политичари од исламо-конзервативната партија која е на власт во оваа земја. На социјалните мрежи тие објавија слики на нивните кондури за да ја поддржат Ајлин Назлиака, пратеничка од левата Републиканска партија на народот.