Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Немаме намера да влијаеме врз судот за притворените пратеници

0
By Нова ТВ on March 4, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 4, 2018 23:12

Премиерот Заев вели дека нема намера да врши притисок врз обвинителството за ослободување на притворените пратеници за инцидентите од 27 ми април, што ВМРО ДПМНЕ го поставува како услов за да се вратат во работата на Собранието. Заев вели дека законот треба да важи за сите подеднакво.

,,Ја разбирам позицијата на ВМРО-ДПМНЕ да не се враќа во Собранието сѐ додека не бидат комплетни, но нашата позиција исто така останува непроменета – немаме намера да влијаеме на правосудството и на одлуките на судот во однос на приведените пратеници. Тоа е недозволиво, законот важи за сите. Но, ќе кажам дека притворот не смее да биде казна. Сепак, тоа е обврска и право на обвинителството и судовите во Македонија“ рече Заев.

Од друга страна Мицковски најави дека има чувство дека многу брзо ќе бидат надминати проблемите и ВМРО ДПМНЕ ќе може да бидат комплетни во Собранието.

,,Во моментов, ВМРО ДПМНЕ останува на своите позиции, прашањето е од математичка и политичка природа и ние не можеме да бидеме комплетно активни во Собранието. Се надевам и имам чувство дека многу брзо математичките и политичките проблеми ќе бидат надминати и ВМРО ДПМНЕ ќе може да се врати во Собранието и да биде целосно посветена на работата во парламентот, рече Мицковски по средбата со премиерот Заев.

Мицковски додаде дека комплетирање на пратеничката група за него значи стопроцентно присуство на целата пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ и на коалицијата . Тој не прецизираше што за ова очекува да стори премиерот или судската власт, но нагласи дека ВМРО ДПМНЕ само така ќе се чувствувала комотно во Собранието.

Мицкоски и Заев се согласиле да се врати старото решение за изборот на членови на ДИК . Ова значи опозицијата да го предложи претседателот на ДИК, а власта да има мнозинство во комисијата. Според пржинскиот договор, тројца членови во ДИК беа избрани по предлог на власта, тројца од опозицијата, а тројца меѓу кои и претседаталот беа избрани од редот на независните експерти. Новиот изборен закон се очекува да биде усогласен до септември.

Заев и Мицкоски потврдија дека наредната недела , ќе биде постигнат консензус и за најголем број од законите за кои разговараат работните групи на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ ( законот за следење на комуникациите, законот за заштита на сведоци). Двете страни не постигнале договор за законот за јазици.
Како што рече Заев, ако се има малку разум, законот треба да се донесе во Собранието, па кој смета дека не е уставен да го оспори пред Уставниот суд, а не да се блокира Собранието пред вакви важни моменти за изгласување еден куп реформски закони од кои зависи европската иднина на Македонија.

Заев го информирал Мицкоски за преговорите за спорот за името – на оваа тема нема никакви поместувања од претходната лидерска средба во клубот на пратенците.

Го инфомиравме како шеф на опозицијата како течат преговорите, остануваме оптимисти дека може да се најде решение, но тоа мора да значи и сочувување на достоинството и идентитетот на двете страни во преговорите.Јас се надевам дека за ова прашање можеме да создадеме национален консенсуз.

На почетокот на април ќе има нова средба со медијаторот Нимиц, а во меѓувреме во третата или четвртата недела од март, во Македонија ќе слета грчкиот министер за надворешни работи Коѕијас.

 

Влада Заев Мицкоски парламент
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.