Жозе Мурињо и „Раша Тудеј“ постигнаа договор за еднонеделна соработка за време на Светското фудбалско првенство ова лето. Португалецот ќе биде стручен коментатор на руската ТВ станица во воведните седум мундијалски денови за што ќе инкасира преку еден милион евра.

Менаџерот на Манчестер јунајтед ќе биде во студиото во Москва и ќе прави стручни анализи на натпреварите ширум Русија. Мурињо не можеше да ја одбие вносната понуда на Русите поради што ги одби сличните што на негова адреса ги испратија „Би-Би-Си“ и „ИТВ“.