Browsing: ВЕСТИ

Евтини приказни на Биљана Секуловска: Ништо не може засекогаш да ја спречи желбата за политичка моќ и влијание, како што засекогаш не може да го снема стравот од последиците- во случајов стравот на Георгиевски од досието кое Груевски го поседува за него. Кој во такви околности не би го бранел егзектуторот кој е деноноќно и доживотно наведнат над главата на жртвата и со едно кревање на раката му пресудува?

Општина Охрид продаде атрактивен плац во стариот град, а сѐ што им кажа на мештаните е дека името на нивниот нов комшија се крие зад скопската фирма „Инвест билдинг“. Не е прв пат во Варош да гради човек кој не е мештанин, претходно привилегијата ја добија скулпторот Томе Серафимовски и претседателот Киро Глигоров и затоа охриѓани се запрашаа која е „ѕверката“ што овој пат им се вселува во соседството

Како прислушуваните разговори открија вистински настан за време на локалните избори во Охрид, а човекот кој бил пресретнат од „барабите“,како што ги нарекува министерката Јанкуловска, од лежува казна затвор од шест месеци за напад на службени лица

Инцидентот во Јужна Каролина е најновиот во серијата фатални контакти меѓу невооружени црнци и полицајци – белци во САД, меѓу нив и убиствата на тинејџерот Мајкл Браун во Фергусон, сојузната држава Мисури, и на 12-годишниот Тамир Рајс во Кливленд, сојузната држава Охајо, како и смртта како резултат на задушување на Ерик Гарнер во Њујорк

Евтини приказни: Ќе дојде ден, кога потомците на овие нелуѓе, месо на нивното труло месо, крв на таа нечиста крв, совест на нивната несовест, човечност на оваа нечовештина, ќе замолчат пред доказите, документите, сведоштвата за Славко Јаневски, на Љубомир Фрчкоски, Владимир Милчин, Ѓунер Исмаил, Јадранка Костова, Томе Серафимовски, Божин Павловски, Ѓорѓи Спасов….

Бирото за борба против корупцијата, парламентарците и американски финансиски детективи веќе со недели ја бараат трагата на 1 милијарда долари кои исчезнаа во Молдавија. Овој банкарски скандал се заканува да ја дестабилизира оваа земја, една од најсиромашните во Европа.

Денес Полска одбележува пет години од смртта на претседателот Лех Качински кој загина во авионска несреќа во Смоленск во Русија. Сите околности на несреќата се уште не се сосема разјаснети.

Овој чекор на Марин Ле Пен кон нејзиниот татко Жан-Мари е, според неа, заштита на политичките интереси на Националниот фронт. Таткото и ќерката беа многу блиски соработници и таа за него велеше дека е не само татко туку и нејзин ментор и заштитник.

Ципрас и Путин договорија соработка за гасоводот Турски тек помеѓу Русија и Турција а Грција би требало да биде базата од која ќе се испраќа гасот во земјите на југот и југо-истокот на Европа. Според Путин “Грција ќе добие стотици милиони евра за транзит на гасот”.

Доколку не успеат преговорите во Европскиот парламент, ЕУ може да испрати висок претставник како медијатор за надминување на политичката криза. Таа, со оглед на нејзините димензии, претставува закана за стабилноста на регионот, вели Душан Рељиќ, од германскиот Институт за надворешна и безбедносна политика, во интервју за НОВА

Контроверзна посета на Ципрас кај Путин. Москва става на знаење дека во ЕУ има влади кои бараат партнерство со Русија и покрај санкциите по анексијата на Крим, додека за Ципрас ова е пред се симболичен чекор за да се добијат поени кај домашната јавност во тешката ситуација на Грција.