Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Секое второ дете е жртва на некаков вид насилство

0
By Нова ТВ on February 27, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 27, 2018 12:31

Половина од децата во светот се жртви на физичко, психолошко или сексуално насилство. Насилството врз децата е глобален проблем присустен во сите земји, и кај богатите, но и кај сиромашните семејства, констатираа учесниците на денешната меѓународна конференција на тема „Крај на детската сиромаштија и насилството врз децата“ во организација на Првата детска амбасада во светот Меѓаши што се одржува во Скопје.

Пораката што ја упатија е фокусирање на овој проблем, како и на проблемот со сиромаштијата кај децата и повикаа на заедничка борба на граѓанскиот сектор, институциите и религиските заедници.

– Потребна е промена на политиките, но и промена на свеста, луѓето треба да размислуваат поинаку. Не е доволно само истражување, лоцирање на проблемите, и менување на политиките, туку треба да се организираме сите заедно да направиме нешто повеќе во сопствените организации и институции. Сите заедно може да ја намалиме или искорениме детската сиромаштија или насилството врз децата, рече Фред Нијабера од Аригато Интернационал од Најроби, Кенија, директор на Иницијативата за крај на детската сиромаштија.

Според Драги Змијанац директор на Меѓаши истакна дека е потребна мобилизација на јавноста, граѓанските организации, верските заедници и државата за сеопфатно справување со детската сиромаштија и насилството кои, како што рече, ги погодуваат децата во сите земји во светот.

– Вклучување на децата во образовниот систем со решавање на егзистенцијалните проблеми на нивните семејства и превенирање насилство за да нема трајни последици по психофизичкиот развој на децата, е еден од начините за справување со проблемите, рече Змијанац.

На дводневната конференција учествуваат учесници од 10 држави од Европа и преставници на Аригато интернационал од Кенија.

деца конференција Меѓаши насилство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.