Американскиот претседател, Доналд Трамп, ги најави новите мерки на Трезорот на САД за понатамошнот изолирање на Северна Кореја.

Новите санкции ги таргетираат севернокорејските компании за транспорт и трговија.

„Врз Северна Кореја ги ставаме на сила најтешките санкции од нашата држава до сега. И најискрено се надеваме дека ќе излезе нешто позитивно од ова. Ќе видиме, но на тоа се надеваме“, рече Трамп.

Се работи за 55 компании регистрирани во Северна Кореја или под истото знаме во Кина и Сингапур.