Browsing: ВЕСТИ
Претседателскиот кандидат на ДПА Илјаз Халими синоќа побара подршка од жителите на тетовското село Челопек. Тој, меѓу другото, истакна дека ќе биде нивниот глас и ќе почне со промени за доброто на сите граѓани
Во својот говор пред жителите на Македонски Брод, кандидатот Ѓорѓе Иванов посочи дека Македонија се сака со дела и со конкретни резултати, со посвета на иднината, со успесите во спортот, музиката, културата
Претседателскиот кандидат на СДСМ денеска оствари средби со жителите на Ченто, Сингелиќ, Хиподром и Јурумлери, посетуваше пазари, зборуваше со минувачите, ги посети и околните дуќани
Штипјанецот Славчо Митевски води судски спор цели 17 години. Неодамна Судот во Стразбур донесе одлука, Македонија да му исплати оштета на Митевски заради судење во неразумен рок. Каде затаиле институциите? Зошто државата ги троши парите на граѓаните, наместо да ги санкционира институциите?
Во придружба на сопругот, принцот Филип, Елизабета II престојува во еднодневна посета на Италија на покана од претседателот Џорџо Наполитано
Од ПДП велат дека не стасале да состават листи и во другите изборни единици бидејќи не успеале да најдат, како што велат, заеднички јазик за коалицирање со другите помали албански партии, пред се НДП, во регионите на Куманово и Студеничани.
Сакаме да ја информираме јавноста дека појавувањето на некој граѓанин Албанец кој се обраќа на албански по собири на некоја политичка партија не е концепт на консензуален претседател, велат во ДУИ
Под број 1 ќе биде Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата. ДПА ќе биде под број 2. Партијата Достоинство под број 3, ДУИ ќе биде под број 4, а веднаш зад нив на гласачкото ливче под број 5 е ВМРО-ДПМНЕ.
Доколку Тачи ги изгуби изборите го очекуваме тој да си даде оставка од претседателското место на партијата, порача струшкиот градоначалник Зијадин Села и порача дека заедно со членството и советниците од ДПА во градскиот совет и огранокот во Струга ќе делуваат како опозиција внатре во партијата
Поглаварите на верските заедници посочуваат дека слободата во изборот, што е цел на волјата на сите граѓани и на нивното убедување или, пак, моментно расположение, мора да биде разумна, да биде достоинствена
За да нашата земја стане дом на сите граѓани прва наша задача е создавање на шанса за помладите генерации да најдат работа овде согласно своите знаења и квалификации, истакна претседателскиот кандидат Пендаровски на денешниот централен настан во Куманово
За да нашата земја стане дом на сите граѓани прва наша задача е создавање на шанса за помладите генерации да најдат работа овде согласно своите знаења и квалификации, истакна претседателскиот кандидат Пендаровски на денешниот централен настан во Куманово