Browsing: ВЕСТИ

Квантификацијата(броење на бактериите) не била од пресудно значење за докажување на листерија кога е докажан ист генотип и кај болните и во примерокот од производот, тврдат во Комисијата за заразни болести. Со ова го Комисијата го демантира тврдењето на Факултетот за ветеринарна медицина дека во производите на оваа компанија ја нема опасната бактерија, исто како што демантираат дека е направена супер-анализа во лабораторијата на овој Факултетот

„Кучиња на војната“ така се нарекуваат српските доброволци кои се борат на страната проруските сили во Украина. Наводно станува збор за доброволци од четничкото движење „Јован Шевиќ“, а како што дознава Телеграф платени се околу 2.000 долари неделно

Љубе Пота, “бејбиситерот” на ООН има 96 години и живее во Скопје, Македонија. И на оваа возраст тој се уште чека “бебето” кое го израсна и кое има веќе 26 години да биде признаено во својот град – Никозија во Кипар

НОВА ги објавува најгледаните Студиjа во текот на изминатата сезона. Проф. Мирјана Најчевска и Александар Чомовски, новинар: Дали Заев требаше да не се согласи воопшто да оди на избори или мораше да чека да ги документира аргументите, има ли шанси за техничка влада и дали Груевски би се согласил на таков компромис?

-Тоа ќе трае пет дена, изјавил палестинскиот преговарач Азам ал Ахмед, додавајќи дека ќе биде потребно повеќе време за да се разгледаат „некои” преостанати спорови со Израел за долготрајно примирје

НОВА ги објавува најгледаните Студиjа во текот на изминатата сезона. Како се одлеваат македонски пари на овие дестинации и кои се инвеститорите од овие егзотични места во Македонија? Петар Гошев поранешен гувернер на НБМ и новинарката Ида Протугер ги коментираат информациите на НОВА за тоа кои Македонци отвораат фирми и сметки во даночните раеви

Ројтерс објави дека денеска попладне израелските и палестинските преговарачи ќе продолжат со разговорите со египетските посредници. „Несогласувањата меѓу земјите се големи и нема напредок во преговорите”, рекол за агенциите извор од делегацијата на Израел

Во очекување на одлуката за новите комесари во септември и начинот на распределба на портфељите, се повеќе се слуша името на Бугарката Кристалина Георгиева која би требало да биде наследничка на Кетрин Ештон. Во нејзиниот портфељ можеби ќе се најде место и за проширувањето доколку Јункер сепак не одлучи да именува политичар кој би му се посветил само на ова досие, заедно можеби со соседската политика.

НОВА ги објавува најгледаните Студиа во текот на изминатата сезона. Героски: Ова не е братоубиствена војна помеѓу новинарите, затоа што ние не сме биле никогаш исти; Зекири: Мора да се поведе постапка во СРД против говорот на омраза на Латас (03.02.2014)

Не морате да знаете турски за да ја разберете пораката на спотот: од четирите страни на земјата турската нација го носи својот придонес кон победата на Ердоган кој е инкарнација на целата нација, нејзин водач и шеф.