Browsing: ВЕСТИ

„СДСМ не го признава изборниот процес“, соопшти лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција на која е присутен и кандидатот за претседател Стево Пендаровски, по што следуваше силен аплауз од присутните членови и од партиското раководство

Денеска на изборите голем број граѓани биле прашани дали сакаат да гласаат за претседател. Бројни поплаки од избирачите до редакцијата на НОВА пристигнаа од избирачки места во скопските населби Чаир, Карпош и Центар

Гласач со презиме Јашари се појавил на избирачко место во ромското маало во Кочани со седум лични карти во себе и избирачкиот одбор му дозволил да гласа, информираат од невладината Цивил на прес конференцијата која се одржа во 18 часот попладнево

Политички партии обвинуваат дека активисти на други партии речиси на секое избирачко место во Струга и населените места со списоци во рака исто како што беше и во првиот изборен круг забележувале кој оди на гласање, само што сега многу поорганизирано од порано

Огромни нерегуларности и бројни злоупотреби го одбележуваат гласањето за парламентарните извори и вториот круг од претседателските избори, обвини опозициска партија на прес конференција која се одржа попладнево

До овие моменти, изборниот процес во Дебар се одвива во мирна атмосфера без инциденти. До 13:00 часот за претдатските избори гласаа 11% а 17,5%, за парламентарните. Споредено со изборите одражани на 13 Април бројот  на избирачи се зголеми за 4% односно 7%

Наљудувачите на невладината организација „Цивил“ денеска забележаа гласачи од албанското село Пустец на неколку избирачки места во Скопје и земјава. Фотографиите се од скопската населба Аеодром каде што Пустечани биле организирано во комбе носени да гласаат