Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Централниот комитет денеска одлучува за оставката на Груевски

3
By Нова ТВ on December 9, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 9, 2017 20:20

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на седница  која ќе се одржи денеска на пладне треба формално да ја потврди одлуката за вонреден конгрес на партијата на 23 декември што ќе се одржи во Валандово, на кој треба да се констатира оставката на Никола Груевски и во тој случај да се избере нов претседател.

Од утрешната седница на ЦК не се очекуваат драматични одлуки, туку само формално да се потврдат одлуките на Извршниот комитет. Се очекува Груевски и пред членовите на ЦК да ја образложи оставката, што ја најави во интервју за партискиот портал Курир на 1 декември. Доколку 130 членови на ЦК ја прифатат, тогаш се отвора патот за вонреден конгрес на 23 декември.

Груевски ќе поднесе оставка од лидерската позиција на ВМРО-ДПМНЕ

Во однос на кандидатите за лидерската позиција во опозициската партија, досега официјално ја потврди само Филип Петровски. Во јавноста цело време се шпекулира со имињата на најблиските соработници на Груевски: Антонијо Милошоски, Никола Попоски и Илија Димовски, кој последниве месеци помалку е присутен на јавните настапи на партијата, освен во Парламентот. Како име кое е посакувано и од актуелниот лидер Груевски долго време се споменува генералниот секретар, Христијан Мицковски, кој и самиот на неодамнешната прес конференција не исклучи таква можност.

Ветеранот на ВМРО – ДПМНЕ, Димитар Димитров, во колумна за порталот „Призма“, насловена „И конгресот е Груевски“, меѓу другото, пишува дека Конгресот ќе го избере Груевски, независно дали под тоа или под некое друго презиме. Новиот лидер, кој и да биде тоа, ќе биде пред предизвикот да го демантира Димитров.

На вонредниот конгрес учествуваат делегатите од последниот редовен конгрес од 2015 година од Куманово кога беа одредени 560 делегати. Во нивни раце ќе биде изборот и на нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Кои се делегатите што ќе гласаат

Кандидатура за претседател може да поднесе секој што има поддршка од 30 делегати на Конгресот. Ќе биде избран ако за него гласаат половината од 560 делегати.

 

ВМРО Груевски наследници оставка седница ЦК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.