Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски ги убедувал членовите на ЦК да гласаат за вонреден Конгрес

0
By Нова ТВ on December 11, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 11, 2017 08:41

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека на вчерашната седница на Централниот комитет, при првото гласање не било постигнато потребното двотретинско мнозинство за одржување на вонреден Конгрес за избор на нов претседател на партијата.

„Пред второто гласање од страна на претседателот Груевски беше посочено дека не станува збор за гласање „за или против“ него, и со дополнителни аргументи ги убедуваше членовите на ЦК да поддржат одржување на Конгрес. Потоа во вториот обид огромно мнозинство членови на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа одлуката за одржување на вонредниот 16-ти Конгрес во Валандово“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ синоќа донесе одлука со која што 22 и 23 декември 2017 година ги утврди како датум на одржување на вонредниот 16-ти Конгрес. Вонредниот 16-ти Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи во Валандово, а согласно Статутот на партијата на него ќе учествуваат 544 делегати од редовниот 15-ти Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.

Врз основа на Статутот на партијата, Централниот комитет усвои заклучок согласно кој кандидат за претседател на партијата може да предложат најмалку 30 делегати на Конгресот. Еден делегат може да поддржи само една кандидатура за претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Кандидатурите може да се поднесуваат најдоцна до 21 декември до 15 часот до правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, во архивата на партијата.

Оваа одлука беше донесена од Централниот комитет, откако претходно Никола Груевски ја поднесе својата неотповиклива оставка.

Во образложението до членовите на ЦК, Груевски истакнал дека без разлика на фактот што анализите за изборните резултати се во тек, оставката ја поднесува како морален чин, бидејќи е природно човекот во кој сите имаат најголема доверба врз себе да ја преземе одговорноста за поразот и покрај сите фактори кои влијаеле.

„Груевски потенцираше дека овие избори беа едни од најнерегуларните каде што имаше еклатантни примери на притисоци, уцени, поткуп и заплашување, но исто така и разочараност меѓу дел од традиционалните гласачи на ВМРО-ДПМНЕ. Токму заради детектирање и корегирање на сите слабости, Груевски нагласи дека мора да се земе сериозно деталната анализа на изборниот резултат. Груевски побара од членовите на ЦК да биде изгласан терминот за вонреден Конгрес и да биде избран нов претседател и раководство кое ќе ја врати ВМРО-ДПМНЕ на власт“, пишува во соопштението од партијата.

Во дел од дискусиите било побарано да се расправа и да се гласа за оставката на Груевски. Со оглед на тоа што таква расправа не била предвидена во правните акти на партијата, на гласање се ставил предлог барањето за организирање на вонреден конгрес.

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ дискутирал и за актуелната политичка состојба и најостро го осудил политичкиот прогон и монтираните обвиненија за измислен тероризам против пратеници, уметници, глумци, режисери и полициски службеници и генерално политички прогон на функционери и членови на ВМРО-ДПМНЕ. ЦК комитет на ВМРО-ДПМНЕ заклучил дека сите притворени мора безусловно да бидат ослободени и конструираните обвиненија против нив да бидат повлечени, бидејќи ваквата политика на хунтата на власт оди на штета на државата и граѓаните и дополнително ги зоврива и продлабочува кризата.

ВМРО-ДПМНЕ вонреден конгрес Никола Груевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.