Browsing: ВЕСТИ

Откако бремената новинарка Стела Дубовитскаја му постави прашање поврзано за руските санкции кон Украина, Жириновски ги изгуби живците, почна силно да вика, а потоа обраќајќи се кон своите соработници извика: „Силувајте ја жестоко“.

Не чекавме некој друг да работи за нас. Не чекавме друг да ни кажува што е приоритет, за граѓаните на Македонија. Не баравме одобрување од друг, сето она што го презедовме во овие изминати години. Бидејќи вашиот глас ни ја даде довербата за да работиме за вас, да мислиме за вас, рече Иванов

Еден од клучните столбови е враќањето на средната класа во Република Македонија, она што беше урнисано во изминатите 7 години. Без средна класа, нема напредок. Затоа велиме потребен е нов почеток, рече Спасовски

Заев покажува дека е спремен и да лаже и да манипулира, само и само да се добере до власта. Неговите постапки говорат за него. Граѓаните секој ден се појасно и поубаво можат да ја видат неговата нереална и болна желба за власт, но и неговиот нечовечки лик, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Само за даночно затајување, Никола Груевски направил дело коешто, согласно кривичниот закон на Република Македонија, се санкционира со казна затвор од минимум 4 години. Ќе се повлечеш и ќе признаеш дека си длабоко забразден во криминал или да продолжам да излегувам пред јавноста и да ја покажувам твојата бесконечна игра со кеш?

“Информиран сум дека држачите на власта на Али Ахмети правеле листи за тие што гласаа на 13 Април. Да ги прашаме нив, дали ќе вршеа ваков притисок ако вие бевте членови на ВМРО? И да ги прашаме нив дали на ваков начин ќе им се закануваат на луѓето,во вториот круг, да не гласаат за кандидат Македонец” – рече Тачи

Лидерот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски од Делчево, каде што денеска беше на средба со граѓаните, посочи дека ги истражуваат ветените 10.000 проекти од владејачката партија низ цела Источна Македонија, а единствено што откриле е неколку закрпени „дупки“ на патиштата