Додека жителите на Општината Карпош се гушеа во загаден воздух и ПМ 10 и ПМ 2.5 честички, поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски во своите простории во Општината имал прочистувач на воздух од Швајцарски Алпи, потврди за НОВА ТВ, градоначалникот Стефан Богоев.

„Додека карпошани дишеле загаден воздух, Стевчо во канцеларија дишел воздух од “Швајцарски Алпи”, напиша Богоев на Твитер.

НОВА ТВ телефонски го праша Јакимовски, дали прочистувачот бил набавен со општински пари или пак бил некаква донација. Јакимовски на ова кусо и одговори дека не се сеќава.

„Не се сеќавам навистина, а и што е битно тоа“, рече Јакимовски.

Според понудите на интернет кои може да се најдат за прочистувачите на воздух на IQAir кои штитат од штетните последици на загадувањето цените на уредите се движат од 800 до 1600 евра.

Прочистувачот е од швајцарската компанија IQAIR, а Богоев вели дека ќе го донира во некоја градинка за деца или пак во болница.