Browsing: ВЕСТИ

Се сеќавам пред пет години, заедно со Вашиот градоначалник тргнавме во кампања. Тој за да биде градоначалник, јас да бидам Претседател. Се сеќавам како одевме по калливи улици и како гледавме незадоволство кај земјоделците. Сега гледам како успева Василево, порача претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓе Иванов

-Не пропаѓа ниту Америка, ниту Европа, да пропаѓаа немаше вашите деца да го бараат лебот таму. Сега е вистинскиот момент да ја вратиме композицијата Македонија на вистинската пруга, по вистинскиот пат. Да го вратиме животот во Македонија, порача претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски, на средбите со граѓаните на Дојран, дојранско и Богданци

Во изминатите пет години каде и да одев во Македонија гледав напредок и во земјоделството, и во индустријата и во патната инфраструктура и во обновение училишта, водоводи…Ете така се сака Македонија и така се гради Македонија, порача кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов во струмичко Босилово

Објавувањето на избирачките листи на ВМРО ДПМНЕ предизвика реакции во дијаспората. Членови и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ реагираа на одлуката Васко Наумовски да биде кандидатот кој ќе влезе во изборната трка како застапник на интересите на Македонците во Австралија

Ни една од страните не гаѓаше на копно или на воените инсталации, изјави наименувано официјално лице од јужнокорејска страна. Тоа е подрачјето во близина на таканаречената Северна гранична црта, повлечена на крајот на Корејската војна 1950-1953, која Северот одбива да ја признае

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган објави победа на локалните избори во земјата. Првичните резултати покажуваат дека партијата на Ердоган освоила околу 44 до 46 проценти од гласовите, а опозицијата 23 до 28 отсто

Речиси секоја сабота околу пладне, на раздвижената трговска улица Истиклал во Истанбул може да се види истата слика: група од неколку десетици жени седат на тротоарот со запалени свеќи, со црвени каранфили и со слики на повеќе десетици млади момци или мажи. Главно молчат. Од време на време некоја од нив зема збор и ја раскажува својата трагична приказна.