Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анкетите по ТВ дуелот: Меркел подобра од Шулц

0
By Нова ТВ on September 4, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 4, 2017 09:19

Ангела Меркел оставила подобра впечаток врз гласачите зза време на вчерашниот дуел со нејзиниот противкандидат Мартин Шулц, покажува анкетата на ТВ мрежата ЗДФ.

Анкетата која е спроведена меѓу гледачите за време на првата половина од дебатата и објавена набрзо по нејзиното завршување, покажува дека на Меркел и веруваат 33 отсто од гласачите, додека на Шулц – 17%.

Според резултатите на друга анекта за ТВ Ард Меркел е покомпетентна, подоверлива и посимпатична од Шулц.

Единствена категорија во која Шулц бил подобар според гледачите е дека покажал поголема борбеност.

На почетокот на телевизиското соочување кое започна во ударниот термин и чија прва тема беше Турција, Меркел истакна дека Турција не би требала да стане членка на ЕУ и ќе побара од унијата да го прекине преговорите со Анкара.

Ова таа го кажа откако Шулц рече дека доколку биде избран ќе побара прекин на преговорите за членство на Турција во ЕУ.

Меркел го пофали договорот со Турција за бегалците и миграните истакнувајќи дека е апсолутно исправен и денес, како што бил тоа и вчера.

Сепак таа рече дека е јасно дека Турција не би требало да биде членка на ЕУ, и повтори дека исто така треба да бидат прекинати и преговорите за царинска унија на Турција и ЕУ.

Лидерот на Социјалдемократската партија (СДП) на почетокот на дуелот рече дека ниту еден германски граѓанин не може веќе безбедно да патува во Турција.

Шулц исто така ја нападна Меркел за одговорот на бегалската криза, односно дека не била добар коориднатор на европскиот одговор на бегалската криза во 2015, а одлуките го носела сама.

На тоа Меркел му возврати дека „во тоа време ситуацијата била многу драматична“.

-Постојат моменти во животот на канцеларот кога тој мора да одлучи, рече Меркел.

Таа истакна дека мигрантите не се закана за Германија, но дека бегалската криза во 2015 и оставила на земјата тешка задача на интегрирање на дојденците во општеството.

Меркел исто така истакна дека Германија мора да помогне во борбата против причините за таква криза, како што е насилството во Сирија.

Шулц рече дека се согласува со одлуката за прием на бегалците, но дека му пречи тоа што одлуката на Меркел е донесена без консултации со остатокот од владата.

Шулц се согласи со Меркел и дека интеграцијата на мислиманските мигранти не претставува поголем предизвик во споредба со некоја друга група, но нагласи дека Владата би можела да направи повеќе за да ги спречи „проповедниците на омразата“ да шират радикална идеологија“.

Меркел рече дека иако „радикалните исламисти изведуваат терористички дела во Европа“, таа и натаму верува дека Исламот има свое место во Германија.

-Луѓето кои немаат право да бидат во нашата земја би требало да ја напуштат, некои луѓе се веќе депортирани, истакна канцеларката, бранејќи ја својата имиграциска политика на отворени врати.

Укажувајќи дека „Европа е проект на солидарност“ Шулц повика на „кооперативен закон за имиграција“ за да се избегнат несогласувањата со земјите „како што се Унгарија и Полска, кои сметаат дека Германија и Италија би требало да се борат со тој проблем“.

Северна Кореја и Трамп

Меркел рече дека кризата со Северна Кореја мора да се реши по  мирен пат и дека за тоа ќе се обиде да го убеди Доналд Трамп, додека Шулц рече дека претседателот на САД не го смета за вистински човек за решавање на овој проблем.

-Секој човек кој користи Твитер за да ги критикува своите левичарски и десничарски противници и кој не може да се дистанцира од неонацистите…германскиот канцелар треба да се спротивстави, рече Шулц.

Во врска со Трамп, Меркел рече дека јасно ставила до знаење дека соработката со него е заснована на заедничките вредности и дека нема слепо да ги следи САД во вооружениот судир. „Тоа мора мирно да се реши“, рече Меркел.

Таа потенцира дека има многу разлики во ставовите со американскиот претседател и како пример го наведе неонацистичкиот марш во Шарлотсвил.

90 минути преку 4 ТВ канали

Вчерашното телевизиско соочување е единствената планирана таква дебата до крајот на предизборната кампања меѓу двата најсериозни кандидати Меркел и Шулц.

Траеше 90 минути, ја пренесуваа четирите најголеми телевизиски канали, а Меркел и Шулц одговараа на новнарски прашања.

Според преходните предвидувања, околу 20 милиони Германци, или речиси третина од гласачите во земјата со 80 милиони жители, го следеле овој дуел во најжестокиот дел од кампањата пред изборите закажани за 24 септември.

Тие се сметаат како една од посериозните можности социјалдемократите да го прекинат долгогодишното владеење на демохристијаните.

анкети Меркел ТВ дуел Шулц
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026
shortcut
ФОКУС
July 24, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

ВЕСТИ July 24, 2026

Унгарскиот премиер истакна дека заемот кој ѝ е даден на Македонија е со многу поповолна…

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026

Филипче: Гостивар, Валандово, сега загадена вода и во болницата во Лешок

July 23, 2026

Техеран ја предупредува Бугарија: Не им дозволувајте на САД да ја користат вашата територија за напади врз Иран

July 21, 2026
ТИКЕР

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.