Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Конечно Пандев: Македонија подобра од Израел во Хаифа (Видео)

0
By Нова ТВ on September 2, 2017 ВЕСТИ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 2, 2017 23:21

Македонската фудбалска репрезентација ја слави втората победа во квалификациите за СП 2018 во Русија. Освежениот национален тим го совлада Израел со 1:0 и драстично ја подобри атмосферата пред дуелот со Албанија во вторник во Струмица. Стрелец на единствениот гол вечерва на „Сами Офер“ стадионот во Хаифа беше Горан Пандев во 73 минута што за капитенот беше прв во квалификации за ЕП или СП од 2006 година и доволен за прв триумф над Израелците по досегашните четири порази.

https://www.youtube.com/watch?v=0Q_nxIk2bQQ

Новата физиономија на националниот фудбалски тим го положи испитот во Израел. Јазолот на младост и искуство што го врза селекторот Игор Ангеловски не попушти во ниту еден момент во премиерниот настап, седми во циклусот, успеа да погоди, но и да му помогне на Столе Димитриевски да сочува мирна мрежа и покажа дека сме на добар пат да очекува порозова иднина за разлика од сивото минато.

Македонија можеше да замине со предност од 1:0 и на големиот одмор. Кире Ристевски го претвори нафрлувањето на Алиоски од левата страна, но рускиот арбитар Есков, по сугестија на асистентот, ја поништи радоста и ги раздели од прегратка стоперот на унгарски Вашаш и напаѓачите на Палермо и на Џенова, Илија Несторовски и Горан Пандев. Втората прилика за водство дојде по несмасната интервенција на Бен Хаим кој за малку ќе постигнеше автогол, но стативата беше негов сојузник, но и на голманот Глазер.

Израелците го имаа посед врз топка (65 отсто наспроти 35 отсто) меѓутоа македонските фудбалери беа рамноправни во останатите статистички елементи. Упатија седум удари кон противничкиот гол, колку и домашните кон Димитриевски и изведоа еден корнер повеќе од составот на селекторот Елиша Леви чија позиција е сериозно разнишана по вечерашната нула пред своите навивачи.

Решавачкиот момент дојде во 73 минута. Елмас, кој летово направи трансфер од Работнички во Фенербахче, по десет минути од влегувањето во игра го „вработи“ Пандев кој со силен удар фо „проби“ Глазер. Тешко стекнатото водство Македонија знаеше како да го сочува за на крајот да биде наградена со аплаузи од домашната публика која, пак, ги „поздрави“ своите репрезентативци и стручен штаб со свирежи за играта и поразот.

Израел – Македонија 0:1 (0:0)

Стадион: „Сами Офер“ во Хаифа. Гледачи: 20.000. Гл. судија: Алексеј Есков. Асистенти: Дмитри Мосјакин и Игор Демешко (сите тројца од Русија). Ж. картони: Барди, Елмас (Македонија). Стрелец: Пандев 73′ за Македонија.

Израел (формација: 4-3-3): Глазер – Давиѕада, Цедек, Бен Хаим, Битон (Келтјенс 71′) – Коен, Охана (Хемед 46′), Каба – Бен Хаим (Ајнбиндер 53′), Меликсон, Захави. Селектор: Елиша Леви.

Македонија (формација: 4-4-1-1): Димитриевски – Ристевски, Велкоски, Мислиу, Ристовски – Алиоски, Барди (Зајков 90′), Спировски, Николов (Елмас 63′) – Пандев – Несторовски (Радески 86′). Селектор: Игор Ангеловски.

Квалификации за СП 2018

Група Д, 7 коло

Србија – Молдавија 3:0

Грузија – Република Ирска 1:1

Велс – Австрија 1:0

Табела: Србија 15, Република Ирска 13, Велс 11, Австрија 8, Грузија 4, Молдавија 2.

Идно коло (5 септември): Република Ирска – Србија, Молдавија – Велс, Австрија – Грузија.

Група Г, 7 коло

Албанија – Лихтенштајн 2:0

Израел – Македонија 0:1

Шпанија – Италија 3:0

Табела: Шпанија 19, Италија 16, Албанија 12, Израел 9, Македонија 6, Лихтенштајн 0.

Идно коло (5 септември): Македонија – Албанија, Лихтенштајн – Шпанија, Италија – Израел.

Група И, 7 коло

Финска – Исланд 1:0

Хрватска – Косово (прекин поради дожд)

Украина – Турција 2:0

Табела: Украина 14, Хрватска 13 (-1), Исланд 13, Турција 11, Финска 4, Косово 1 (-1).

Идно коло (5 септември): Исланд – Украина, Турција – Хрватска, Косово – Финска.

Горан Пандев Израел квалификации за СП 2018 Македонија фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.