Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Квалификации, СП 2018: Новото лице на Македонија на премиера во Хаифа

0
By Нова ТВ on September 2, 2017 ВЕСТИ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 2, 2017 14:36

Новото лице на сениорската фудбалска репрезентација на Македонија вечерва со премиерно издание. Предводена од Горан Пандев и Илија Несторовски и надополнета со младите херои од Полска ќе излезе на мегдан на Израел во седмиот настап во квалификациите за Светското првенство во Русија во 2018 година. Мечот на „Сами Офер“ стадионот во Хаифа почнува во 20,45 часот, термин во кој ќе играат и Шпанија и Италија на „Сантијаго Бернабеу“ во дербито во групата Г. Претходно, од 18 часот, Албанија го дочекува Литхенштајн во Елбасан.

„Имавме игра и создававме шанси во Скопје, но победи нашиот вечерашен домаќин. Зад нас се добри подготовки, верувам во овие момчиња, очекувам повторување на изданието против Израелците од првиот меч, но овојпат и да реализираме и да извлечеме позитивен резултат“, коментира селекторот Игор Ангеловски пред денешниот реванш со Израел.

Желбата за успех, за победа во спортот, човечки, е секогаш да биде присутна. Неспорно е дека е така и во случајот со македонските репрезентативци, само е потребно и трпение да не се согори во неа. Сеќавањата од поразот од Израел на „Телеком арена“ се сè уште свежи. „Црвено-жолтите“, според играта, заслужија барем бод и имаа прилика за освојување меѓутоа Јаховиќ не реализира пенал во последната минута за провлекување на Израелците во Скопје (1:2). Хемед и Бен Хаим беа стрелци на двата гола за противникот, Несторовски во 63 минута погоди за Македонија.

„Ќе биде тешко. Во тоа нема сомневање. Израел има репрезентација за респект што среќно победи во Скопје. Не заслуживме да бидеме поразени во тој натпревар. Очекувам да биде поразлично вечерва. За добар резултат е потребна колективна игра и концентрација во текот на сите 90 минути. Се надевам дека ќе одиграме комплетен меч“, најави капитенот Горан Пандев.

Македонија е претпоследна во групата Г со три бода што ги освои против Лихтенштајн. Циклусот е завршен и за останатите селекции во неа од аспект на шансите за СП 2018. Единствената дилема што преостанува е меѓу Шпанија и Италија и се однесува на тоа која ќе патува директно во Русија, а која ќе игра бараж.

Меѓу останатите шест дуели од денешната квалификациска програма и неколку директни од кои ќе зависи изгледот на табелата во групата Д и групата И како на пример судирот на Велс и Австрија во Кардиф и особено во Харков каде Украина ја пречекува Турција.

Квалификации за СП 2018 – денеска играат

Група Д, 7 коло

Србија – Молдавија (18 ч.)

Грузија – Република Ирска (18 ч.)

Велс – Австрија (20,45 ч.)

Табела: Србија 12, Република Ирска 12, Велс 8, Австрија 8, Грузија 3, Молдавија 2.

Група Г, 7 коло

Албанија – Лихтенштајн (18 ч.)

Израел – Македонија (20,45 ч.)

Шпанија – Италија (20,45 ч.)

Табела: Шпанија 16, Италија 16, Албанија 9, Израел 9, Македонија 3, Лихтенштајн 0.

Група И, 7 коло

Финска – Исланд (18 ч.)

Хрватска – Косово (20,45 ч.)

Украина – Турција (20,45 ч.)

Табела: Хрватска 13, Исланд 13, Турција 11, Украина 11, Финска 1, Косово 1.

Израел квалификации за СП 2018 Македонија фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.