Browsing: ВЕСТИ

Интервју со Фросина Ременски, потпретседател на СДСМ: За скандалот на Факултетот за безбедност со опремување на лабаратории, за борбата против корупција и заштита на дојавувачите на корупција и криминал, популарно наречени свиркачи

Првата емисија сатирични видео вести ви донесува пародии за предвремените избори во Македонија, расипаниот авион на Хорхе, учеството на Ивона на милионерот, несреќно отворање патни делници, веселата опозиција и други актуелности.

Украинската опозиција има една заедничка желба – да го види грбот на претседателот Виктор Јанукович и да се избере нова власт во земјата. Но, тоа е можеби и единствената желба која тие ја делат.

Режимот се однесува и на медицинските работници, постарите граѓани, и на младите мажи и жени; неодамнешните крвопролевања претставуваат најлоша глетка во Украина од 1944 година кога нацистичките чети беа протерани

Амбасадорот Ристо Никовски одговара на прашањата зошто македонските власти не успеваат да создадат пријател од Грција, дали парите за антиквизацијата и Скопје 2014 се поважни од достинствен стандард на граѓаните?

Интервју со Дејвид Ливингстон од Европскиот совет за надворешни работи. Тој зборува за причините на кризата и можниот излез. „Реално оваа криза врие од есента 2010 година. Јанукович можеби беше избран на фер избори, но кога доби поголема моќ со Уставот во октомври 2010, ја употреби моќта да се збогати тој и неговите пријатели, и проблемот беше на повидок уште од тогаш“

ЛГБТИ Центарот за поддршка заедно со Хелсиншкиот Комитет за човекови права се преместени на нова локација, посилни и уште повеќе посветени на менувањето на социјалниот и правниот статус на ЛГБТИ луѓето во нашето општество