Browsing: ВЕСТИ
Холандската организација Aids Fonds лансираше кампања со наслов #dutchkiss (холандски бакнеж) во солидарност со глобалната ЛГБТ заедница. Aids Fonds ги повикуваат луѓето да партиципираат и да ја споделат оваа порака за Денот на вљубените : Да се бориме против нетолерантноста со љубов.
Лидерите на новинарите, Насер Селмани и Тамара Чаусидис за притисоците и уцените особено во Сител за да се зачленат новинарите во МАН, за мешањето на власта и улогата на Груевски и разговорите со Дуња Мијатовиќ во Скопје
Двајцата претседатели нема да ги споделуваат љубовните маки туку ќе се свртат кон државничките прашања. Обама одлучи да му посвети посебна чест на Французот и го одведе на имотот Монтичело каде што живеел третиот американски претседател Томас Џеферсон, познат како франкофил.
Емица Ниами- Налбантиќ: Драматичната ситуација во Босна остава отворено прашање- дали протестите ќе се прелеат во регионот? Корупцијата, нефункционалноста на институциите, злоупотребите на власта се детектирани во останатите земји на Балканот
Краткиот филм против сиромаштија е изработен во соработка со ФДУ, од монолози според вистински искази од граѓаните вклучени во фокус групното истражување за одредување на индикаторите на Минимален достоинствен приход
Федералната телевизија на Босна и Херцеговина уште пред една година ги истражи имототите на некои клучни политички фигури во оваа земја. Како станале богати со фунционерските плати?
Tомче Костадиноски боледува од Душенова мускулна атрофија, а болеста му била дијагностицирана кога тој имал околу 6 години. Апел за помош на 14 годишниот Томче. Да бидеме хумани!
„Ова е најниско досега во руските разузнавачки методи во смисла на публицитет, објавување. Тие активно го промовираат, поставуваат, шират преку Твитер, и ние секако сметаме дека тоа е најниско досега“, коментираше Стејт департментот
Во Русија маргинализираниот премиер Дмитриј Медведев e безмилосно исмејуван од страна на блогерите во сабота, откако наводно заспа за време на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри во Сочи
Рускиот град на брегот на Црно море, Сочи и официјално oд денеска е домаќин на 22-те Зимски олимписки игри, воедно најскапите во историјата
Протестите во Босна и Херцеговина стануваат се помасовни и се шират во сите градови. Сиромаштијата ја обедини БиХ, вели во Скајп-интервју за НОВА босанскиот режисер Дино Мустафиќ. Мустафиќ во интервјуто ги објаснува причините за овие масовни протести во Босна
Во Тузла ескалира ситуацијата на демонстрациите, откако демонстрантите упаднаа во зградата на локалната влада. Демонстрантите го пробија полицискиот кордон и влегоа во зградата која е демолирана и на крај за запалија. Над зградата се издига црн чад