Browsing: АНАЛИЗА

Полицијата продолжува со истрагата за вооружениот напад во скопскиот хотел Александар Палас и откривање на идентитетот на напаѓачите кои многу лесно пристапиле до хотелот и со автоматско оружје испукале проектили кон петмина кои седеле во лобито и гласно коментирале занесени во темата на разговор. Додека трае периодот на истрага МВР тешко дека ќе соопшти поконкретни детали, но тоа само ги засилува гласините и непотврдените информации за извршителите, како и за причините за нападот. Дали овој вооружен инцидент е навистина напад кон одредена криминална група или пак, пукањето е само начин за привлекување внимание? И ова ќе се знае наскоро, затоа што инспекторите се сомневаат во сите верзии кои овие два дена се пласираат во јавноста.

Зошто чувањето доверливи информации од страна на специјален обвинител да биде платено по четири илјади евра народни пари, а другите обвинители да не земат ниту денар, иако некои од нив некогаш имале допир со класифицирани податоци кои ги чувале во иста мера како и специјалните

Од Комисијата за заштита на конкуренција за НОВА потврдија дека Клиниката за хематологија поднела барање за поведување на прекршочна постапка  против двете веледрогерии кои настапиле со однапред договорени енормно високи цени на тендерот за лекот Иматиниб

Дали претседателот на судот Ифет Бајрамовски со потегот да му остави на Мерко 10 милиони евра за работа, а при тоа да не постои начин за елиминација на општинските долгови придонесува за полош живот на своите сограѓани во иднина, а во подредена положба ги става и фирмите кои не можат да ги наплатат долговите

Во целата драматична ситуација со лекот кој за пациентите значи живот, не се откриваат имињата на веледрогериите кои „уценувале“ со високите цени на лекот и со тоа го довеле во опасност животот на 130 пациенти болни од  хронична миелоична лекемија

Пред претседателските избори беа направени измени во Изборниот законик и  членот 71 беше дополнет со три ставови со реден број 10, 11 и 12. Став 10 е јасен и недвосмислено укажува дека сметките после избори се затвораат на нула