Browsing: КУЛТУРА

Режисерот Љубомир Стефанов на својот Фејсбук профил објави видео запис со кинематографот Самир Љума и режисерката Тамара Котевска со нивните реакции по селекцијата на Американската Академија за вклучување на македонското остварување во две трки за ласкавото признание

Серијата имаше за цел да го амортизира ефектот на опозициските „бомби“, односно да го прикаже Груевски како жртва на сплетките на странскиот фактор во државава. Но, до крајниот рок, 4 септември во 2017 година, кога „Јадран филм“ на Винко Грубишиќ, мораше да испорача цела прва сезона од серијалот, не беше снимена ниту една епизода

Конкурсот трае до 15 јануари во 2020 година, а право на учество имаат сите романи кои за првпат се објавени на македонски јазик во 2019 година. Петчлената жири-комисија ќе го соопшти лауреатот најдоцна на 15 март во 2020 година

Оваа поетска книга беше избрана меѓу петте најдобри книги во конкуренција за Националната награда за најдобра поетска книга “Браќа Миладиновци” на Струшките вечери на поезијата. Настанот е од 12 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“

Краткиот игран филм „Налепница“, по сценарио и режија на Георги М. Унковски е селектиран на најголемиот американски филмски фестивал на независен филм Санденс,  основан од легендарниот актер и режисер Роберт Редфорд. Според програмата за 39. издание на фестивалот (23 јануари – 2 февруари 2020), „Налепница“ ќе игра во селекцијата Меѓународни кратки играни филмови, а селектиран е меѓу над 5.000 пријавени за оваа програма, во која се избрани 74 филмови од 27 земји.