Browsing: КУЛТУРА

Со акција на полиција од Нови Сад, во околината на Сремска Митровица пронајдена е слика на Рембрант, вредна 2,5 милиони фунти. Во акцијата се приведени и четворица осомничени за кражбата, јавуваат српските медиуми

Есма и Лозано ја снимија новата евровизиска песна, наместо повлечената “Империја”. Песната е во брз и модерен ритам која што се уште нема наслов, се доработува, се снимаат придружни вокали и в среда вечер би требало да биде пуштена во етер

Триша Мангомери од Чикаго вежбајќи со својот басет ослабела 57 килограми. Тогаш се сетила: ќе отвори фитнес центар каде ќе можат да тренираат и луѓето и нивните миленичиња

По предизвикувачкиот спот за песната „The Stars are Out“ во кој си игра со андрогеноста на човечкото тело, Дејвид Боуви се реши сите стихови од новите песни ги објавил во форма на оглас во весникот „Тајмс“

Деновите кога се заокружува 70-годишнината од депортацијата на македонските и во знак на сеќавање на холокаустот на Евреите од Европа, „Икона“ го објави второто издание на збирката раскази “Светилка за Ханука“ на Томислав Османли

Дури и холивудските инсајдери не можеа да го предвидат успехот на нискобуџетниот филм „Мамурлук“ (Hangover), во кој момчињата одат во Лас Вегас и таму запаѓаат во разни згоди и незгоди.

Познатото списание за мажи „Плејбој“ за прв пат може да се купи во Ерусалим на хебрејски јазик. Интернационалното издание на списанието е достапно во Израел подолго време, но сега за него ќе пишуваа израелски новинари, а првиот број излегол во петокот.

Како дел од Деновите на франкофонијата, во Чифте амам, вечерва, во 19 часот ќе се отвори изложбата „Центар ШОК“ на која се претствани 12 уметнички и човечки средби. Делата се занимаваат со истражување на поимот на судир на идеи, емоции, знаци и симболи

На 20 мај почнува снимањето на филмот „Децата на сонцето“ според сценарио на Гордан Михиќ, автор на култните „Среќна нова 49“, „Дом за бесење“, „Црна мачка бел мачор“ и др. Филмот е во режија на Антонио Митриќески