Browsing: ПОЛИТИКА
Комисијата за заштита од дискриминација оценила дека нема дискриминација кога на Стоматолошки клиники овие луѓе пред преглед се праќаат да испитаат дали имаат Хепатит Ц и Б и ХИВ. На тие што се позитивни интервенцијата им ја вршеле во изолирана просторија, со посебна заштита кои пациентите сами ја плаќаат
Пицула смета дека во спорот за името кој долго време се води меѓу Македонија и Грција, американската дипломатија треба да се појави како „Deus ex machina” или Божја машина за да се стави крај на проблемот
Социјалдемократскиот сојуз бара од МВР да направи сериозна проценка по синоќешните тепачки во автобусите на ЈСП, околу тоа дали се работи за случајни инциденти или се тие мотивирани и според тоа да преземе соодветни мерки на заштита на граѓаните
Скопскиот Апелациски суд ја одби жалбата на Обвинителството за организиран криминал со кое бараше новинарот Томислав Кежаровски да биде вратен во притвор во Шутка
Советниците на ВМРО – ДПМНЕ без присуство на советниците на СДСМ кои ја напуштија седницата на Град Скопје го изгласаа старо-новиот концесионер за депонијата „Дрисла“, тоа е контроверзниот конзорциум од Италија
– Неизвесно е дали воопшто апликациите поминале низ првичниот филтер за селектирање на пријавите во согласност со објавените критериуми за аплицирање, со што се отвора можност за нелојална конкуренција при изборот
Многу малку пациенти кои не оставиле телефонски броеви не биле известени дека во среда на „денот на дрвото“ сите интервенции и прегледи се одлагаат за во сабота; станува збор луѓе кои имаат закажано за преглед со недели или месеци порано преку „Мој термин“
На денешната седница на Уставниот суд повторно не беше подесена времена мерка за замрзнување на оспорените одредби од Законот за лустрација, по поднесено барање на судијата известител Наташа Габер Дамјановска
Вчера во текот на попладневните часови МВР регистрираше два одвоени инциденти во кои повторно учествувале малолетници, повредено е 18-годишно девојче од с.Чифлик, нападнато е младо момче од Скопје и искршени се прозорските стакла на два автобуси
Советничка група на СДСМ ја напушти седницата на Град Скопје на чиј дневен ред беше ставена точката за одлуката за концесионер на Дрисла. Советниците на СДСМ побараа да се тргне оваа точка од дневниот ред, бидејќи според нив, претставува кривично дело
За адвокатот Штерјо Зиков се уште е нејасно зошто се чекаше пет дена откако Шиповиќ е екстрадиран во Македонија, тој да даде исказ пред истражен судија и зошто исказот му се зема во притвор
Фудбалската федерација на Македонија денеска официјално информираше дека со Ѓуровски е потпишан двегодишен договор, со можност за продолжување на уште две, кој стапува на сила од 1. јануари 2014















