Граѓаните го оценија Собранието со двојка

Средната оценка за работата на Собранието на Република Македонија изнесува 2,82, покажа телефонската анкета спроведена со финансиска поддршка и во рамките на Меморандумот за соработка Собранието на Република Македонија и Вестминстерската фондација за демократија.

Ахмети бара брз компромис за името

,,Што побрзо да се постигне комромис во спорот со името, со цел деблокада на интегративните процеси”, порача од Виена лидерот на интегративците, Али Ахмети.

Македонија тоне во нетранспарентност

Македонската држава не сака да споделува со јавноста како ги троши народните пари. Според глобалното истражување “Индекс на буџетска транспарентност”, земјава е во друштото на оние кои не сакаат да споделуваат информации за буџетот со јавноста

„Нова“ го открива предлогот на Филе

Како што дознава НОВА еврокомесарот на проширување Филе на вчерашните средби со претседателот Иванов, премиерот Груевски и лидерот на СДСМ Црвековски во Скопје побарал одлагање на локалните избори.

Граѓани: Со античкиве галии да се оди до Солун!

На левата страна на Вардар фирмата "Фаланга Дим" почна да ја поставува првата античка галија. Местењето на конструкцијата на првата од предвидените четири галии ги задржа погледите на граѓаните повеќе од вообичаенто.

Гешоски и Витановски и натаму членови на Лустрациска

Поради немање кворум, односно потребното дво-третинско мнозинство Парламентот не можеше ниту денеска да им ги верификува оставките на двајцата членови на Лустрациска комисија кои беа претставници од опозиционата СДСМ.