Browsing: СПОРТ
Воведните минути од второто полувреме урнаа се што изградија македонските ракометари во првиот дел за што на крајот резултираа со пораз од Чешка со 25:27 во второто коло во групата Б на 14. Европско првенство. Овојпат потфрлија голманите кои мечот го завршија со само четири одбрани од кои три запиша Борко Ристовски, а една Никола Митревски
Трагичниот настан се случи на 276 километар во рамки на седмата етапа, соопштија организаторите. Гонкалвеш настапуваше на Рели Дакар од 2о06 година. Четири пати завршуваше во топ 10, а во 2015 година го освои второто место во генералниот пласман
Натпреварот во „Винер Штадхале“ е со почеток во 16 часот со пренос на ТВ Телма
Црногорците славеа над Србија со 22:21 и останаа во игра за топ 12 на турнирот. Немања Грбовиќ со 5 гола од пет обиди и Милан Божовиќ беа најефикасни црногорски ракометари во премиерната победа на нивната селекција на Европските првенства. Шпанија убедливо ја порази Германија со 33:26 во судирот на шампионските репрезентации од последните две Европски првенства, актуелниот светски првак, Данска загуби од Исланд со 30:31
Македонија во првото коло на турнирот ја совлада Украина со 26:25, а утре попладне од 16 часот ќе игра и против Чешка во вториот меч во групата Б во Виена
Негативата од еден гол по првите 30 минути во Грац, Хрватска ја претвори во триумф над црногорските ракометари со шест гола на крајот (27:21), Србија, пак, загуби од Белорусија со 30:35. Македонската репрезентација утревечер (20.30 ч.) во Виена ќе игра против Украина
Неговиот договор со Федерација ќе биде со важност до 2025 година доколку успее со националниот тим да се пласира на Европското првенство во 2021 година
Фудбалската федерација на Македонија ги прогласи најдобрите за 2019 година, а двајцата членови на националниот тим беа централни фигури на синоќешната свечена церемонија
Европскиот првак Ливерпул го победи јужноамериканскиот фудбалски владетел Фламенго со 1:0, во финалето на Светското клупско првенство што се одржа во Катар. Стрелец на единствениот гол беше Роберто Фирмињо во 99 минута од средба, откако основниот дел заврши без голови
Истрага што е актуелна и трае веќе година и пол опфаќа дури 135 тенисери кои се најдоа на листата на сомнителни дека лажирале исходи на мечевите. Меѓу нив и претставници на Франција, на САД, на Белгија, на Шпанија. Според германските медиуми „ЗДФ“ и „Ди Велт“, се чини дека истрагата води кон еден нивни репрезент со иницијали М.Х. а во скандалот со наместени натпревари се споменува и член на топ 30 на АТП листата кој има три турнирски победи во кариерата
Во возбудливо финале во Кумамото, Холанѓанките ја совладаа Шпанија со 30:29 (полувреме 16:13) и за првпат во историјата освоија мундијалскио злато. Бронзениот медал го освои Русија чии ракометарки во „малото“ финале ја поразија Норвешка со 33:28
Покрај Манасков, кој во јануари го очекуваат настапи со македонската репрезентација на ЕП 2020, во Веспрем остануваат и Србинот Петар Ненадиќ и Словенецот Гашпер Маргуч кои, исто така, ќе бидат во ростерот на унгарскиот великан во наредните две и пол години
