Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕП во ракомет (м): Само полувреме за Ц. Гора против Хрватска, Србија немоќна со Белорусија

0
By Нова ТВ on January 9, 2020 СПОРТ
Фото: men2020.ehf-euro.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 9, 2020 23:28

Црна Гора издржа само полувреме во една од трите балканските пресметки во групата А на 14. Европско првенство во ракомет што започна денеска во коорганизација на Шведска, Норвешка и Австрија. Негативата од еден гол по првите 30 минути во Грац, Хрватска ја претвори во триумф со шест гола на крајот со 27:21 (полувреме 12:13) за оправдување на улогата на фаворит во мечот.

По седум гол во натпреварот постигнаа Лука Циндриќ за Хрватска и Никола Грбовиќ за Црна Гора. Но, Циндриќ имаше поддршка од Хорват и Мариќ кои реализраа по четири пати, за разлика од Грбовиќ кој немаше такво растоварување во нападот.

Белорусија, пак, во увертира на групната фаза во Грац ја совлада Србија со 35:30 (16:15). На поразот на српските ракометари им кумуваа лошата игра во одбрана, особено во вториот дел, и неколкуте неискористени зицери, па самокритичноста дојде како логична последица по натпреварот.

Најефикасен на теренот беше Каралек со девет гола, по пет за победничката селекција додадоа Кулеш и Шилович. Прв стрелец во српската репрезентација беше Радивоевиќ со шест гола, пет даде Сретеновиќ, по четири запишаа Зеленовиќ и Вуиќ.

Шпанија и Германија не дозволија изненадување во групата Ц и со победи по 11 гола разлика ги започнаа настапите во Трондхајм. „Фуријата“ во воведниот меч беше подобра од Летонија со 33:22 (14:11), а „панцерите“ од Холандија со 34:23 (15:13).

Петок е резервиран за мечевите од првото коло во групите Б, Д, Е и Ф. Премиера на турнирот ќе има и македонската репрезентација која од 20.30 часот во Виена ќе игра против Украина.

ЕП во ракомет (м)

Група А

Хрватска – Црна Гора 27:21 (12:13)

Белорусија – Србија 35:30 (16:15)

Група Ц

Шпанија – Летонија 33:22 (14:11)

Германија – Холандија 34:23 (15:13)

ЕП 2020 Ракомет (м) Србија Хрватска Црнс Гора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.