Browsing: СПОРТ

Со елиминации во третото коло се соочија и АЕК Ларнака на Иван Тричковски, Сараево на Крсте Велкоски, Пјуник на Антонио Станков и Денис Махмудов и Сутјеска на Милован Петровиќ. Од „македонските“ клубови за групна фаза ќе игра Риека на Дарко Велковски

Фудбалерите на актуелниот европски шампион беа подобри пеналџии (5:4) од колегите од Челзи, актуелен владетел во Лига Европа, во мечот на „Водафон арена“ во Истанбул и по 1977, 2001 и 2005 година се враќаат на „Енфилд“ со европскиот пехар за кој традиционално се игра на почетокот на секоја сезона. Мечот во основниот дел заврши без победник – 1:1, а двете екипи постигнаа по гол и во продолженијата

Селекцијата од Пиринеите го порази мундијалскиот домаќин со 29:25 (полувреме 15:12) за шеста победа во шестиот нејзин настап на турнирот и заслужена пресметка со Франција со четврт-финалето. „Црвено-жолтите“, пак, ќе разигруваат за пласман од деветтото до 16. место и досега имаат две победи (над Нигерија и над Бахреин) и четири порази (од Аргентина, од Данска, од Јапонија и од Португалија)

Од британскиот Сектор за истраги на воздушни несреќи е наведено дека во крвта на фудбалерот се откриени високи концентрации на COHb (комбинација на јаглерод моноксид и хемоглобин), јавува агенцијата „Анадолија“. Поголемо ниво од 50 отсто на јаглерод моноксид во организмот се смета за опасно по здравјето на поединецот и може да доведе до напади, губење на свест и срцев удар

Нов газда на „нетси“ ќе биде тајванско-канадскиот бизнисмен, Џозеф Цаи (55) кој лани купи 49 отсто од акциите на клубот за што плати една милијарда долари за сега да додаде уште 1,35 милијарди долари за останатите 51 отсто, чиј сопственик е Русинот Михаил Прохоров, за поседување на комплетниот управувачки пакет

Белграѓани по дури 22 изведени пенала на „Паркен арена“ го елиминираа данскиот првак (прв меч 1:1, реванш 1:1 – 7:6) и во плејофот ќе играат со Јанг Бојс, хрватскиот првак, пак, со 4:0 го декласира Ференцварош во Будимпешта. Аријан Адеми стрелец и асистент за „модрите“ кои ги очекува двомеч со Розенборг

Данска славеше над С. Македонија со 29:26 (полувреме 13:11) и по четврти пат ја потврди фаворитската улога во групата Ц на шампионатот во Скопје. Листата на стрелци во македонската репрезентација ја предводеше Мартин Серафимов со девет гола пред Ненад Костески кој постигна шест. Последен ривал во групната фаза на турнирот за македонските ракометари е Јапонија (понеделник, 20.30 ч.)

„Црвените ѓаволи“ славеа со 4:0 во дерби пресметката на воведното премиерлигашко коло во новата сезона и испратија силна порака дека максимално ќе казнуваат од секоја укажана прилика без разлика дали ќе доминираат во статистичките категории или не. Два гола постигна Маркус Рашфорд, по еднаш во листата нан стрелци се запишаа Антони Марсијал и Даниел Џејмс

Вардарци во финалето беа подобри од Металопластика со 32:28 (полувреме 17:14), откако на пат до него, во еден ден, ги премавнаа Борац Бања Лука со 34:30 (полувреме 18:12) и домаќинот на турнирот, Леотар со убедливи 38:18 (полувреме 17:8). Наградата МВП на турнирот ја понесе Тимур Дибиров кој заврши и како прв стрелец со вкупно 16 погодоци