Голот на Адид Јаховиќ беше недоволен за пласман на Малатијаспор во плејофот за Лига Европа. Турскиот претставник го доби реваншот со Партизан на домашен терен со 1:0, но благодарение на триумфот во Белград со 3:1, „црно-белите“ ќе играат за групната фаза во второто, по ранг, натпреварување на УЕФА.

Македонскиот интернационалец го одигра сите 90 минути за Малатијаспор, а во листата на стрелци се запиша во седмата минута.

Со елиминација се соочи и Сараево на Крсте Велкоски. Претставникот на БиХ одигра без голови на гостувањето кај БАТЕ Борисов кој, сепак, оди во плејофот поради победата во првиот меч на „Билино поле“ во Зеница. Македонскиот репрезентативец одигра цел натпревар за „бордо“ тимот.

Идентичена судбина во третото квалификациско коло доживеа и АЕК Ларнака на Иван Тричковски. По ремито на Кипар (1:1), белгиски Гент славеше во реваншот со 3:0 и ќе продолжи кон главната фаза во ЛЕ. И Тричковски беше стартер и одигра цел меч за својата екипа.

До плејофот за ЛЕ се проби Риека на Дарко Велковски кој остана без минутажа на гостувањето кај Абердин. Хрватскиот тим и во реваншот го совлада шкотскиот ривал со 2:0 и со вкупно 4:0 стигна до последното скалило до групите.

Европските настапи за ова лето завршија и за Антонио Станков и Денис Махмудов. Вулверхемптон, сепак, беше пресилен за нивниот Пјуник и во двата меча славаше со 4:0.

Во вторник со Лига Европа се збогува и Сутјеска на Милован Петровиќ кој беше елиминирана од Линфилд од Северна Ирска со вкупен резултат 3:2.

Лига Европа, 3 коло квалификации, реванш мечеви

Еспањол (Шпанија) – Луцерн (Швајцарија) 3:0 (3:0)

Брага (Португалија) – Брондби (Данска) 3:1 (4:2)

Вулверхемптон (Англија) – Пјуник (Ерменија) 4:0 (4:0)

Глазгов ренџерс (Шкотска) – Митјиланд (Данска) 3:1 (4:2)

Абердин (Шкотска) – Риека (Хрватска) 0:2 (0:2)

Арис (Грција) – Молде 3:1 по продолженија (0:3)

Стразбур (Франција) – Локомотив Пловдив (Бугарија) 1:0 (1:0)

АЗ Алкмар (Холандија) – Мариупол (Украина) 4:0 (0:0)

Гент (Белгија) – АЕК Ларнака (Кипар) 3:0 (1:1)

ПСВ Ајндховен (Холандија) – Хаугесунд (Норвешка) 0:0 (1:0)

Ајнтрахт Франкфурт (Германија) – Вадуц (Лихтенштајн) 1:0 (5:0)

Викторија Плзен (Чешка) – Антверпен (Белгија) 2:1 (0:1)

АЕК (Грција) – Универзитатеа Крајова (Романија) 1:1 (2:0)

Валета (Малта) – Астана (Казахстан) 0:4 (1:5)

Хапоер Бер Шева (Израел) – Норчепинг (Шведска) 3:1 (1:1)

Трабзонспор (Турција) – Спарта Прага (Чешка) 2:1 (2:2)

ТНС (Велс) – Лудогорец (Бугарија) 0:4 (0:5)

Шахтјор Солигорск (Белорусија) – Торино (Италија) 1:1 (0:5)

Аполон (Кипар) – Австрија Виена (Австрија) 3:1 (2:1)

Млада Болеслав (Чешка) – ФЦСБ (Романија) 0:1 (0:0)

Малатијаспор (Турција) – Партизан (Србија) 1:0 (1:3)

Зрињски (БиХ) – Малме (Шведска) 1:0 (0:3)

Зорја Луханск (Украина) – ЦСКА Софија (Бугарија) 1:0 (1:1)

Бнеи Јехуда (Израел) – Нефчи (Азербејџан) 2:1 (2:2)

Судува (Литванија) – Макаби Тел Авив (Израел) 2:1 (2:1)

БАТЕ Борисов (Белорусија) – Сараево (БиХ) 0:0 (2:1)

АИК Стокхолм (Шведска) – Шериф Тираспол (Молдавија) 1:1 (2:1)

Спартак Москва (Русија) – Тун (Швајцарија) 2:1 (3:2)

Динамо Тбилиси (Грузија) – Феенорд (Холандија) 1:1 (0:4)

Хелсинки (Финска) – Рига (Летонија) 2:2 (1:1)

Среда

Атромитос (Грција) – Легија Варшава (Полска) 0:2 (0:0)

Виторија Гимараеш (Португалија) – Вентспилс (Летонија) 6:0 (3:0)

Сабуртало (Грузија) – Арарат (Ерменија) 0:2 (2:1)

Вторник

Дандалк (Р. Ирска) – Слован Братислава (Словачка) 1:3 (0:1)

Линфилд (С. Ирска) – Сутјеска (Црна Гора) 3:2 (2:1)

Номе Калју (Естонија) – Диделанж (Луксембург) 0:1 (1:3)