Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брестовац по вториот пораз на кадетското СП во ракомет: Ни фалеше расположен голман

0
By Нова ТВ on August 12, 2019 СПОРТ
Фото: facebook.com/ihf.info
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 12, 2019 00:14

Ако поразот на С. Македонија од Аргентина во првото коло на Светското ракометно првенство за ракометари до 19 години беше изненадување, вториот дојде како очекуван. Данска славеше со 29:26 (полувреме 13:11) и по четврти пат ја потврди фаворитската улога во групата Ц. Но, овојпат селекторот Данило Брестовац не беше дотолку критички настроен кон своите избраници. Истакна дека играта оди во нагорна линија, се функционира понормално, се зголемува ефектот и на ротација, а за нешто повеќе против ривал каква е данската репрезентација треба и голман на ниво.

„Иако се пројавија некои технички грешки во првото полувреме, сепак, сум задоволен од играта. Мислам дека има промена за разлика од претходните три меча и впечаток е дека се подобруваме. Функционираме подобро, полека се видливи ефекти од ротацијата, играме подобро, но недостасуваа голмански интервенции, особено во второто полувреме. Данска, сепак, е една од најдобрите селекции во младинските категории“, рече Брестовац.

Листата на стрелци во македонската репрезентација ја предводеше Мартин Серафимов со девет гола пред Ненад Костески кој постигна шест колку што реализираа Јепе Цислак и Макс Хоксе Хангард за победничкиот тим.

Сите натпревари од последното, петто, коло од групната фаза се играат утре (понеделник), а ривалот на С. Македонија од 20.30 ч. во СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде репрезентацијата на Јапонија во директен дуел за второто место во групата Ц.

СП во ракомет (У19) во машка конкуренција

Група А, 4 коло

Саудиска Арабија – Норвешка 23:35

Словенија – Хрватска 21:31

Шпанија – Чиле 31:21

Табела: Хрватска 8 бода, Шпанија 7, Норвешка 5, Словенија 4, Чиле 0, Саудиска Арабија 0.

Група Б, 4 коло

Унгарија – Шведска 28:29

Франција – Тајван 32:23

Канада – Египет 20:47

Табела: Шведска 6 бода, Унгарија 6, Франција 6, Египет 6, Тајван 0, Канада 0.

Група Ц, 4 коло

С. Македонија – Данска 26:29

Нигерија – Јапонија 30:35

Бахреин – Аргентина 24:25

Табела: Данска 8 бода, Јапонија 6, С. Македонија 4, Аргентина 4, Бахреин 2, Нигерија 0.

Група Д, 4 коло

Србија – Исланд 22:26

Португалија – Тунис 30:24

Германија – Бразил 28:22

Табела: Португалија 8 бода, Германија 6, Исланд 6, Србија 2, Тунис 2, Бразил 0.

Данска Ракомет (м) С. Македонија СП 2019 У19
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.