Browsing: СПОРТ
По поразот во Лисабон со 2:4, бундеслигашот славеше на домашен терен со 2:0 и се придружи на Челзи, на Валенсија и на Арсенал во големата четворка. Филип Костиќ во 37. минута и Себастијан Роде во 67. минута беа стрелци за тимот од Франкфурт кој во полуфиналето го очекува двомеч со Челзи
Венсан Компани, капитен на екипата, истакна дека и тој и неговите соиграчи се свесни за издатоците на кои се изложуваат фановите за присуство на нивните натпревари, па нивниот гест, како што рече, е за помош и на некој начин за возвраќање на неверојатната поддршка што ја имаат во текот на целата сезона. Мечот за титулата е против Вотфорд на „Вембли“ на 18 мај
Литванскиот состав го совлада Фенербахче со 82:80 додека шпанскиот ја изненади ЦСКА со 78:68. Резултатот во двете четвртфинални серии е израмнет на 1:1
„Граѓаните“ победија со 4:3 против „спарси“ во реванш четвртфиналниот меч во Лигата на шампиони, но екипата од Лондон продолжува во полуфинале благодарние на минималниот триумф во првата средба. Ливерпул и на „Драгао“ го совлада Порто со 4:1 и се потврди како дел од најдобрата четворка во ЛШ и во оваа сезона. „Црвените“ од „Енфилд“ ќе играат со Барселона за место во големото финале на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид, а Тотенхем ќе игра двомеч со Ајакс
Црногорскиот состав славеше со 80:72 што е негов прв триумф во шесте меча со „црвено-белите“ во оваа сезона. Наредниот меч меѓу двата тима е во петок од 19 часот и со евентуална победа на екипата од Подгорица ќе следува мајсторка во Белград
„Штрковите“ славеа на гостувањето кај Задар со 89:83 (по четвртини: 30:18, 27:18, 22:25, 10:22) и се најдоа на чекор до враќање во елитното регионално кошаркарско друштво за што им треба уште една победа. Вториот натпревар од серијата меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Задар е на 23 април во 18 часот во Скопје, а евентуалната мајсторка е на 30 април од 17 часот на брегот на Јадранот
Шарунас Јасикевичиус на сликовит начин го објасни дебаклот на Жалгирис во Истанбул од тимот на Фенербахче во првиот меч од…
Доколку дојде до финална реализација на најавата, тогаш „црвено-белите“ од Пиреја ќе бидат петти клуб надвор од просторите на екс Југославија по Левски Софија (Бугарија), Нимбурк (Чешка), Шолнок (Унгарија) и Макаби Тел Авив (Израел)
„Копјаниците“ од Амстердам го совладаа Јувентус во Торино со 2:1 и се пласираа меѓу најдобрите четири во елитното натпреварување на УЕФА. Противник на Ајакс во полуфиналниот двомеч ќе биде подобриот од дуелите меѓу Манчестер сити и Тотенхем. По минималниот триумф на Барселона на „Олд Трафорд“ во првиот меч, Каталонците победија и во реваншот на „Камп Ноу“ со 3:0
По поразите на Стоилковска и Ѓорческа во мечевите во поединечна конкуренција, единствениот поен за „црвено-жолтите“ девојки го освоија Ана Ристевска и Александра Симева кои славеа над косовската комбинација Веса Ѓинај и Блерта Укехаџај со 6:4, 6:1
Екипите на ЦСКА М. и на Фенербахче поведоа со 1:0 во четвртфиналните серии во Евролигата. Рускиот гигант ја декласира Басконија…
Македонската кошаркарска федерација денеска соопшти дека не дозволува да се играат натпревари од плеј-офот и плеј-аутот во салите „Градски парк“…